Линкови за пристапност

Стотина лампиони за два месеца: Охриѓанката Емилија изработува украси од дрво


Емилија Димитриеска е лабораториска техничарка од Охрид, но посветено рачно изработува и уникатни дрвени украси
Емилија Димитриеска е лабораториска техничарка од Охрид, но посветено рачно изработува и уникатни дрвени украси

Производите ги изработува со помош на техниката позната како, пирографија. За два месеци изработила стотина лампиони, кои ќе завршат на нечија елка.

Овие уникатни новогодишни лампиони се дело на охрѓанката Емилија Димитриеска. Ги изработува рачно, при тоа користејки специјална техника позната како пирографија или wood burning art, каде се се работи на дрво.

„Најмногу интерес имам за лампионите, бидејки ги правам и персонализирани, а на дрвото може да се нацрта и напише било што и многу ги сакаат и децата. Ќе им нацртам нешто го сакаат, сега многу деца го сакаат стич, тоа е лик од цртан филм. Изработувам и украси, додавам на нив ситници, гранчиња, светилки, но основата му е дрво“, вели Емилија.

Уникатни лампиони изработени од охриѓанката Емилија Димитриеска
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:25 0:00

Сè почнало сосема случајно за време на Ковид пандемијата, кога пребарувајки на интернет, нови начини на уметнично изразување, стапила во контакт со Американка, со чија што помош ги совладала техниките на пирографијата, односно обработката на дрво.

Идејата секогаш ја цртам со молив и потоа мора да се гори дрвото по линијата
Емилија Димитриеска

„Може да се работи директно со пирографот, но најдобро прво сликата се пренесува на дрво, па потоа се гравира и останува вечно на дрвото. Идејата секогаш ја цртам со молив. И потоа мора да се гори дрвото по линијата. Боја најмногу нанесувам на новгодишните работи, бидејки тоа се лампиони и да бидat интересни“, објаснува Емилија.

Најмногу време вели ѝ одзема стружењето и горењето на дрвото, додека за да се стигне до финалниот производ, потребни и се до еден до два часа. За помалку од два месеци изработила стотина лампиони. Се радува што барем за миг со своите производи, носи радост во нечиј дом.

„Од година во година сè повеќе има интерес“, вели Емолија.

Во 2023 година, Емилија, се пријавила на натпревар за изработка на производи од дрво, со помош на пирографија, на Инстаграм, каде била единствена што не била Американка и што не живеела во Америка.

„Јас бев единствена од сите, што не можам професионален пирограф да си купам, бидејќи немаv начин да го порачам. И се пријавив ги почитував сите правила и услови. Секој ден цртав, сликав и пуштав видеа и неочекувано победив. И го добив пирографот“, посочува Емилија.

Емилија по професија е лаборантски техничар, па ја прашавме, како наоѓа време за двете работи.

„Со оглед на тоа што работам и во лабораторија, како лаборантски аналитичар и захтевна е работата. Работам многу одговорна работа, каде мора и на пациентот, и а одмор ми е кога ќе седнам овде и кога ќе ги видам дрвата. Тоа го правам претежно навечер“, вели Емилија.

Плановите на Емилија, која отсекогаш се занимавала со цртање и сликање, се да изработи своја веб страница, која би функционирала како онлајн продавница, и каде на едно место ќе биде достапно сè што таа прави. Присутна е и на социјалните мрежи, а на Инстаграм има повеќе од две илјади следбеници.

XS
SM
MD
LG