Линкови за пристапност

Коронавирусот ги погоди и берзите


На берзите на сите континенти има неочекувани загуби поради коронавирусот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00

На берзите на сите континенти има неочекувани загуби. Властите во Кина и другите најтешко погодени земји го запреа производството, пореметено е снабдувањето, но и туризмот

Берзите од САД преку Азија до Европа забележаа големи загуби, во време кога здравствените власти потврдија нови подрачја на Блискиот исток и Европа каде се појавил вирусот.

„Пазарот сега покажува дека епидемијата се` уште не кулминирала, и дека состојбата ќе се одрази на многу полиња покрај снабдувањето и туризмот“, вели Дезмонд Лахман од Американскиот ентерпрајз институт.

Некои сметаат дека економскиот удар ќе биде интензивен, но со кус век.


Коронавирусот предизвика страв и поостри мерки од властите во многу држави, што резултираше во затварања и парализа на трговските текови, особено во Кина -втората најголема економија во светот.

„Во Кина има карантин врз 150 милиони луѓе. Тие кои заминале на одмор, за Нова година, и не може да се вратат на работа“, вели Лахман.

Освен компаниите, ефектот го чувствуваат и потрошувачите.

„Ќе видиме вистински негативни ефекти од заразата врз економијата. Веќе се случува. На пример, Епл најави дека ќе има забавување во производството на ај-фони во блиска иднина“, вели Марк Хамрик, аналитичар од Bankrate.com.

Некои сметаат дека економскиот удар ќе биде интензивен, но со кус век. Аналитичарот Марк Хамрик го споредува коронавирусот со ураган – штом ќе мине, веднаш почнува обновата и активностите постепено се враќаат во нормала.

„За инвеститорите кои што се фокусирани на кус временски период, ефектот е реален. Но, инвеститорите кои се подолгорочно насочени, размислуваат, - „ќе инвестираме и ќе дочекаме подобри времиња“, вели тој.

Коронавирусот нема да биде последен патоген што ќе ја потресе економијата на различни континенти. Аналитичарите велат дека прашањето е дали државите и компаниите ќе ги научат лекциите од заразата и дали глобалната економија ќе стане поотпорна на идните шокови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG