Линкови за пристапност

Кантримен во Македонија: не носам предупредување, тука сум да разговараме


Кантримен во Македонија: не носам предупредување, тука сум да разговараме
Кантримен во Македонија: не носам предупредување, тука сум да разговараме

Во Скопје тој директно му ја врачил поканата на Груевски за посетата на Вашингтон на 16 овој месец. Разговарале, како што рече, како пријателски земји.

Не носам предупредувања до премиери, туку доаѓам да разговараме - заменик-помошникот на државниот секретар на САД Томас Кантримен по средбата со премиерот Никола Груевски веднаш ги отфрли шпекулациите што деновиве кружат во македонските медиуми, дека доаѓа во Македонија да го предупреди државното раководство за политичката криза во земјата.

Проблемот со името го посочи како проблем што во моментов го интересира Вашингтон.

„Тешко е да се дојде во Скопје, а да не се разговара за името“, истакна Кантримен и го повтори ставот на Вашингтон дека САД не се директно вклучени во преговорите, но ги поздравуват средбите на двајцата премиери кои директно и доверливо разговарале за проблемот.

„САД и натаму се надеваат дека овој процес ќе доведе до решение, но ние не ги предвидуваме работите и не се мешаме во преговорите“, истакна Кантримен.

Во Скопје тој директно му ја врачил поканата на Груевски за посетата на Вашингтон на 16-ти овој месец. Разговарале, како што рече, како пријателски земји.

„Отворено разговаравме за нашата загриженост. А, вие добро знаете на што се однесува нашата загриженост. Тоа се прашањата кои го рефлектираат владеењето на законот и слободата на медиумите, бидејќи јасно сме ги запишале во нашиот извештај за човечки права. И Европската комисија јасно ги запишува во извештајот за напредок. Ја споделуваме таквата загриженост која е тема на дискусија кога станува збор за односите помеѓу две пријателски земји. Што се однесува до изборите, немам никаков коментар. Тоа е прашање што се однесува на вашата домашна политичка сцена. Со тоа очекувам одговорно да справат вашите политички лидери“, изјави Кантримен.

Тој не гледа поврзаност на ситуациите во Албанија, Косово и Србија со оние во Македонија.

„Загрижени сме за ситуацијата во Албанија и за тоа имав долг говор вчера, во Тирана. Но, Албанија, Македонија и Србија се посебни земји и проблемите со кои тие се соочуваат се од различна природа. Тоа се внатрешни прашања и не се поврзани едни со други, а на секое од нив треба да се гледа како на различна ситуација“, појасни заменик-помошникот државен секретар.

Во резиденцијата на амбасадорот на САД во Скопје, вишиот претставник на Стејт департментот разговараше со лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ Бранко Црвенковски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Имав прилика да поразговараме за процесот на евро-атлантско интегрирање на земјата, застојот во тој процес, неопходноста да се деблокира и кој е начинот тоа да се случи. Начинот ни е на сите добро познат. Овој пат само има дополнителни, нема да речам притисоци, туку охрабрувања работите да тргнат во вистинска насока“, изјави Црвенковски по средбата со Кантримен.

Тој додаде дека на денешната средба на Кантримен му ги образложил и причините заради кои решиле да излезат од Собранието.

„Бевме охрабрени дека низ политички дијалог треба да се бараат решенијата. Стана збор и за слободата на медиумите, мислам дека тоа и претходно во неговата изјава беше кажано, за потребата да се подобрат состојбите во врска со судството, односно да се обезбеди независно судство и сето она што значи демократија“, додаде Црвенковски.

„Кантиримен не е човекот кој го побаравме за помош. Но, добивме заложба од САД дека ќе не` поддржуваат во изнаоѓање решение. САД очекуваат проблемот да се реши што побргу“, рече Ахмети.

XS
SM
MD
LG