Линкови за пристапност

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид во текот на летната сезона


Српски полицајци на патрола низ Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:33 0:00

26.07. SRPSKI POLICAJCI NA PATROLA NIZ OHRID, MIRCE IZJAVI.mp4

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид во текот на летото. Ова било договрено на денешната средба во Белград меѓу министрите за внатрешни работи на С Македонија и Србија Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Станува збор за четворица полицајци кои во август ќе дојдат во Охрид каде, во тој период, престојуваат и поголем број српски туристи. Идејата е така, со заеднички сили, да се помогне во спроведувањето на редот и мирот за време на летната сезона кога во Охрид има поголем број туристи. Ваков тип на соработка Србија веќе има склучено со Хрватска и со Црна Гора.

„Денеска ние разговаравме дека ни е во взаемен интерес, а за тоа и се договоривме, веќе во август да ја почнеме практиката еден број на наши полицајци, а секако тоа може да биде случај и овде кај нас, да биде присутен во текот на турситичката сезона на оние места каде има повеќе наши, српски туристи, а тоа е Охридското езеро. Се договоривме четворица полицајци да одат во Охрид. Ваков тип на соработка веќе имаме со Хрватска и со Црна Гора, а денеска се договоривме тоа да го правиме и со Северна Македонија“, рече министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

„Во рамки на изборите утврдивме одлична соработка – од Србија да се упатат во Македонија четворица полицајци во август кои ќе делуваат во Охрид, би благодарам за тоа“, рече министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Панче Тошковски.

„Сакав да ти кажам дека треба да ги повикаш новинарите во Охрид за да видат како ќе изгледа тоа кога полицајците ќе дојдат“, му рече Дачиќ.

„Со задоволство. Кога ќе ја почнеме акцијата со имплементирање со задоволство ќе ве поканиме“, кажа Тошковски.

XS
SM
MD
LG