Нанотехнологијата вклучува работа со минијатурни честички, илјадници пати помали од дијаметарот на влакното човековата коса. Наночестичките во нов лосион содржат нуклеинска киселина од Рибонуклеинската киселина (РНК), низа генетски материјал дизајниран да цели на гените-предизвикувачи на болести во клетките на кожата. Бидејќи овие нуклеински киселини не можат да допрат до клетките во нивната нормална, линеарна форма, научниците ги прерасподелиле во сферични структури. Потоа, тие ги организирале сферите на РНК во вид на густа обвивка околу златна наночестичка.
Крајниот резултат е предмет што може лесно да пенетрира во најдлабоките слоеви на клетките во кожата и да ја попречи активноста на гените, кои се предизвикувачи на смртоносните болести како меланома - рак на кожа, но и да помогне во санирање на рани на нозете кај дијабетичари.
Златната компонента во овие структури им дозволила на научниците полесно да го следат движењето на наночестичките.
Чед Миркин, директор на Меѓународниот институт за нанотехнологија на Универзитетот Нортвестерн во Илиноис, е изумителот на овој крем против кожни болести. Миркин вели дека наночестичката што содржи хидрантен елемент ја отвара можноста за, како што ја нарекува, регулација на гените со надворешен фактор.
„Тоа значи дека можеме да ги отстраниме клетките што ја носат болеста и да извршиме генетска модификација, што може да предизвика и клетките што предизвикуваат рак селективно да изумрат. Ова е навистина возбудливо, бидејќи се појавува за прв пат“, истакна Миркин.
Наночестичките биле помешани во густа крема што ја омекнува кожата наречена Аквафор што може директно да се нанесе на кожата. Кремот навлегува во природната заштитна бариера на кожата и ги задржува течностите во телото, како водата. Со ова практично се држат настрана молекулите што предизвикуваат болести.
Доколку процедурата продолжува да дава ветувачки резултати, генетската крема што содржи наночестички има потенцијал селективно да ги отстрани гените што предизвикуваат болести на кожата.
Американската влада веќе и` даде лиценца на компанијата Аурасенс основана од Чед Миркин за натамошна разработка на овој крем.