Линкови за пристапност

Анализа за мистериозниот спор Скопје - Белград


Анализа за мистериозниот спор Скопје - Белград
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:05 0:00

Анализа за мистериозниот спор Скопје-Белград

Експертите скептични за мотивите на скандалот

Отворените прашања меѓу Македонија и Србија, кои ескалираа изминатата седмица со остри дипломатски потези и изјави, според познавачите на состојбите во Скопје, не се сосема затворени по средбите Заев-Брнабиќ во Драч и Димитров-Дачиќ во Ниш.

Соговорниците на Гласот на Америка, долгогодишната дописничка од Белград, Лилјана Јаковлевска и екс-амбасадорот Нано Ружин, ги изненадува, како што го нарекуваат, несоодветното и недипломатско постапување на Србија за настан и обвинувања за кои властите во Белград не понудија вистинско објаснување и докази:

„Повлекувањето на дипломатскиот персонал од амбасадата е без преседан, не се памети таков скандал. Вообичаено, амбасади се затвораат пред војни, или се повлекува амбасадорот,“ вели новинарката Јаковлевска.

Поранешниот амбасадор на Република Македонија во НАТО, Нано Ружин вели: „Македонскиот случај не е толку екстремен за да се повлече персоналот од амбасадата, зашто такви елементи се случуваат во некои предвоени настани. Ако бараме одредени корени има неколку...“.

Според Ружин тоа се должи на три елементи: проблемот на Србија со Косово, слабоста на како што ги нарекува, авторитарни лидери во надворешната политика и нивното нераководење според дипломатските правила и српската закана за повлекување од признавањето на уставното име, ако Македонија даде поддршка за прием на Косово во УНЕСКО.

И Јаковлевска и Ружин согласни дека и покрај билатералните средби, во наредниот период треба да се очекуваат тензични дипломатски релации:

„Не значи дека се е решено, 10 дена поминаа, се плашам ќе поминат и 10 години, а ние нема да знаеме што се случи. Безбедносно - разузнавачките игри меѓу Белград и Скопје траат долго, уште од времето на Милошевиќ и сега само добиваат нови форми. Сето ова Вучиќ ќе го употреби за внатрешна употреба, Србија е пред избори, а веројатно и пред вонредни парламентарни избори. Очигледно Вучиќ се откажува од тоа да биде лидер на стабилноста на Балканот, сега одеднаш тој станува Милошевиќ во Србија,“ вели Јаковлевска.

Ружин смета дека проблемот само е одложен: „Скандалозен потег кој остава последици, иако се прегрнаа, иако ќе има заеднички седници на владите во Скопје и во Белград, сепак проблемот е само преселен за идната година“.

Српските дипломати, со исклучок на амбасадорката, се вратени во Скопје, а начелно е договорена и посета на премиерот Зоран Заев на Белград во ноември, кога и ќе се прецизираат детали за заедничката седница на двете влади. Сепак, сето ова според нашите соговорници не го брише впечатокот дека нешто во односите Белград - Скопје не функционира како што треба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG