Линкови за пристапност

ФБИ ја заврши истрагата за Кавана, извештајот на разгледување во Сенатот


Извештајот не е јавен, и на сенаторите ќе им биде дозволено да го читаат во специјално обезбедена соба на Капитол хил

Рано в сабота Сенатот се очекува да гласа за номинацијата за Врховниот суд Брет Кавана.

Денес сенаторите се очекува да го разгледаат извештајот на Федералното истражно биро (ФБИ) во врска со обвинувањата против Кавана за сексуална злоупотреба на Кристин Блеси Форд кога двајцата биле тинејџери, како и за наводен случај во кој тој се соблекол пред друга жена за време на првата година на колеџ.

Адвокатката на Форд ја критикуваше истрагата на ФБИ, велејќи дека не вклучува интервју со Форд, како и со другите лица кои можат да ја потврдат нејзината изјава.

Сенаторот Чак Грасли, претседавач на Сенатската комисија за правосудство, изјави дека рано утринава ги добиле материјалите од ФБИ, и оти ќе им бидат доставени на сенаторите од двете страни да ги разгледаат.

Извештајот не е јавен, и на сенаторите ќе им биде дозволено да го читаат во специјално обезбедена соба на Капитол хил.

Засега не е јасно дали воопшто некои од материјалите ќе бидат објавени во јавноста.

Процедуралното гласање треба да се случи рано утре, додека конечното гласање в сабота.

Белата куќа соопшти дека е целосно убедена оти Кавана ќе биде потврден, по најопсежниот преглед на номинација за Врховен суд во историјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG