Линкови за пристапност

САД ја обвинија Кина за сајбершпионажа на милиони, меѓу кои сенатори и вработени во Белата куќа


Американските и британските власти денес поднесоа обвиненија, воведоа санкции и го обвинија Пекинг за сеопфатна кампања за сајбершпионажa
Американските и британските власти денес поднесоа обвиненија, воведоа санкции и го обвинија Пекинг за сеопфатна кампања за сајбершпионажa

Американските и британските власти денес поднесоа обвиненија, воведоа санкции и го обвинија Пекинг за сеопфатна кампања за сајбершпионажа која наводно погодила милиони луѓе, вклучително и законодавци, академици и новинари, како и компании, вклучително и изведувачи на одбраната.

Властите ја нарекоа хакерската група Advanced Persistent Threat 31 или „APT31“, велејќи дека е рака на кинеското Министерство за државна безбедност.

Официјалните лица го открија списокот на цели: вработени во Белата куќа, американски сенатори, британски парламентарци и владини претставници ширум светот кои го критикуваат Пекинг.

Беа погодени и одбранбени изведувачи, дисиденти и безбедносни компании, рекоа властите.

Целта на глобалната хакерска операција била „да се потиснат критичарите на кинескиот режим, да се компромитираат владините институции и да се украдат трговски тајни, се вели во соопштението на заменик-јавниот обвинител на САД Лиса Монако.

Во обвинението против седум од наводните кинески хакери, американските обвинители во судот изјавија дека хакирањето резултирало со потврден или потенцијален компромис на работните профили, личните имејли, онлајн складирањето и записите за телефонски повици што им припаѓаат на милиони Американци.

Официјални лица во Лондон обвинија за хакирање, меѓу другите, на британски пратеници кои ја критикуваат Кина.

Кинеските дипломати во Велика Британија и САД ги отфрлија наводите како неоправдани.

Кинеската амбасада во Лондон ги нарече обвиненијата „целосно измислени и злонамерни клевети“.

Ројтерс не беше во можност веднаш да ги лоцира информациите за контакт на седумте наводни хакери кои беа обвинети од Одделот за правда.

Најавите беа објавени како што и Велика Британија и САД воведоа санкции на фирма за која рекоа дека е компанија поврзана со хакерската активност.

„Денешното соопштение ги разоткрива континуираните и дрски напори на Кина да ја поткопа сајбербезбедноста на нашата нација и да ги таргетира Американците и нашата иновација“, рече директорот на ФБИ Кристофер Вреј во изјавата.

Тензиите околу прашањата поврзани со сајбершпионажата се зголемуваат меѓу Пекинг и Вашингтон, како што западните разузнавачки агенции се` повеќе алармираат за наводната хакерска активност поддржана од кинеската држава.

XS
SM
MD
LG