Деновиве предавство во Русија може да значи речиси сешто, тврдат активистите за човекови права.
Минатонеделното апсењето на поранешниот новинар Иван Сафронов под обвинение за предавство предизвика меѓународни реакции, но неговото приведување е дел од „шпионската манија“ поддржана од Кремљ, од која се гледа дека мрежата се шири со предавниците и шпиони,вмешувајќи не само известувачи, туку и академски истражувачи.
Бројот на лица обвинети и осудени за предавство и шпионажа порасна за пет пати во Русија од 2011 година - со забележителен раст по руската анексија на Крим од Украина во 2014 година.
Дванаесет лица беа осудени во 2009 година во споредба со 62 минатата година, според „Медија Зона“, веб-страница на опозицијата. Од повеќе од 300 обвинети за предавство или шпионажа - или за оддавање државни тајни - од 2011 година, само еден од обвинетите доби ослободителна пресуда.
Руската разузнавачка агенција ФСБ е под притисок од претседателот Владимир Путин да разоткрива шпиони, тврдат политички активисти и коментатори.
„Секој ден, без прекини, има повеќе претреси, притвори, апсења и кривични пријави“, според Илја Клишин, опозициски новинар и еден од организаторите на протестите во 2011 година во Москва против изборна измама.
„Можеби не постои подлабока логика зад сето ова отколку желбата да се заплаши населението, да се влее терор - во буквална смисла на зборот“, напиша тој во напис во Москва Тајмс. „Стана механички утрински ритуал: разбудете се и проверете вести за да дознаете до кого дошле надлежните тој ден“. Тој рече дека руските власти напаѓаат претежно новинари и историчари и дека „останатите од нас би можеле да бидат следни“.
Илја Клишин, опозициски новинар, вели дека руските разузнавачки агенции изгледаат уште повмешани од измената на рускиот устав
Всушност, неколку луѓе кои би се класифицирале себеси како „останати“ веќе биле обвинети за шпионажа во серија бизарни апсења изминатите неколку години, вклучително и на нова брачна двојка која е во затвор веќе една година.
Прво, Антонина Зимина беше уапсена, во 2018 година, а потоа минатата година нејзиниот сопруг, московскиот адвокат Константин Антонец. И двајцата се обвинети за разоткривање на агент на ФСБ.
Таткото на Антонина за весникот „Комерсант“ изјави дека за време на нивниот свадбен прием во 2015 година, агентот, пријател кој многу пиел, зборувал за својата работа и се сликал со други гости. Среќната двојка им испратила на пријателите копии од свaдбените снимки, кои биле објавени на социјалните мрежи, при што агентот бил на фотографиите.
Не е јасно дали парот бил на мета заради нивната работа, но аналитичарите велат дека тоа е малку веројатно бидејќи Антонина работела како консултант на руски тинк-тенк основан од поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, лојалист на Путин.
Другите апсења го вклучуваат и притворањето на Оксана Севастиди, сопственичка на продавница во Сочи, во јужна Русија, која беше осудена на казна затвор од седум години за испраќање на текстуална порака до пријател во соседна Џорџија за воз за кој забележала дека носи воена опрема. Севастиди отслужи две години затвор пред Путин да ја помилува поради рекации во јавноста.
Минатата недела, портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата против Москва за шпионо манија, како и тоа дека растот на бројот на апсења за предавство и шпионажа е насочен кон заплашување на критичарите. „Во споредба, на пример со САД и ЕУ, нема шпионо манија во Русија“, рече тој, додавајќи дека не бил свесен дека има пораст на случаите на шпионажа во Русија.
Илја Клишин вели дека руските разузнавачки агенции изгледаат уште повмешани од измената на рускиот устав овој месец, со што му се дозволув на Путин да остане на функција до 2036 година. Се чини дека одеднаш „ја удвоиле својата активност“ и „работите се чувствуваат поинаку“.
За некои, зголемувањето на бројот на апсења за предавство е ехо, макар и слабо, од 1930-тите години полни со крвопролевање, кога комунистичкиот диктатор Јосиф Сталин изведуваше судења на неговите непријатели или на оние што ги сметаше за потенцијална закана, заплашувајќи го веќе застрашеното население.
Судските рочишта во Москва, исто така, помогнаа да се засили националистичкото чувство со тоа што Русите чувствуваат дека нивната земја е обезличена - под закана не само од идеолошки непријатели во странство, туку и од петтоколонашите дома.
Facebook Forum