Линкови за пристапност

Земјоделците од Македонија стравуваат од можни санкции од Русија


Можни санкции од Русија штетни за земјоделството
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

За седум години, до 2017-ма, руските инвестиции во Македонија изнесувале приближно 50 милиони долари

Евентуалното воведување на трговски санкции на Русија кон Македонија по неодамнешното протерувањето на руски дипломат, може да се одрази негативно врз земјава, предупредува поранешниот министер за финансии Никола Поповски. Тој во изјава за Гласот на Америка, вели дека сега е важно страстите да се смират, ако се знае дека Русија во Македонија има неколку значајни инвестиции, особено во енергетскиот сектор и металургијата.

„Каква било трговска војна и повлекување на инвестиции би било скапо за Македонија. Да се надеваме дека нема да се случи тоа. Но, најтешкиот пораз за нас би бил, подршката на Русија во Советот за безбедност на ОН. Да се надеваме дека таа поддршка традиционално која ја имаме од Русија за името и за стабилноста во Советот за безбедност, нема да ни се наруши со вето“, вели Поповски.

Македонија е голем увозник на гас и нафта од Русија, а има голем дефицит и во меѓусебните трговски односи, кои минатата година изнесувале 203 милиони долари, од кои, само 54 милиони отпаѓаат на увоз на македонски производи.

Загрижени за последните случувања на светската сцена, се и земјоделците, бидејќи дури 70% од земјоделските производи кои се извезуваат, завршуваат на рускиот пазар. Меѓу нив е и охридската цреша, чиј што пласман оди организирано.

„Во последните десет години повеќе од десет пати се зголемени насадите на цреша за рускиот пазар. Засега се` уште најприфатлив е рускиот пазар, бидејки одредени параметри тешко ги исполнуваме за ЕУ. Ако имаме забрана за рускиот пазар, ќе биде тешко да се пробиеме на другите европски пазари“, рече земјоделецот Ванчо Стојаноски од земјоделска задруга „Охридска черешна“.

Стојаноски се надева дека доколку се реши оваа криза, годинава само во Русија ќе се извезат околу 500 тони охридска цреша. Но, според некои други, иднината на Македонија сепак треба да биде НАТО и ЕУ, а земјава треба да продолжи да ги негува стратешките однси со САД и западните сојузници.

„Македонија ќе продолжи да се движи на патот кон Европската Унија. Сите тие закани од руска страна не ги сметам за сериозни. Македонија како и целиот Западен Балкан се движи кон ЕУ и НАТО“, вели политичкиот аналитичар Џелал Зејнели.

Сепак, најголемите трговски партнери на Македонија се западните држави. Од нив, предничи Германија со која минатата година трговската размена изнесувала 3,6 милијарди долари, по што следуваат Велика Британија, Италија и Грција. Русија е на 18-то место.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG