Линкови за пристапност

Русија обвинета за хакерски напад врз истражувања на САД, Велика Британија и Канада за коронавирусот


Кремљ ги отфрли обвиненијата на американски, британски и канадски официјални лица за хакерски напад врз истражувања за вакцини

Американски, британски и канадски официјални лица го обвинија Кремљ во четвртокот за масовен хакерски напад, чија цел се западни фармацевтски компании и академски институции кои вршат истражувања за вакцини против коронавирус и терапии за третман.

Во заедничката изјава, владите на сите три држави соопштија дека хакерската операција започнала во февруари.

Британскиот Национален центар за компјутерска безбедност објави соопштение во координација со колегите во САД и Канада. Официјалните лица ја идентификуваа руската хакерска група АПТ29, позната под името „Cozy Bear“, дека стои зад хакерите.

„АПТ29 има долга историја на таргетирање на владини, дипломатски, тинк-тенк, здравствени установи и енергетски организации за разузнавачки цели, така што ги охрабруваме сите сериозно да ја сфатат оваа закана и да ги применуваат препорачаните мерки“, изјави Ен Нобергер, директорка за компјутерска безбедност во Националната безбедносна агенција на САД, се вели во соопштението.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвиненијата за хакерство. „Немаме информации за тоа кој би можел да ги хакира фармацевтските компании и истражувачките центри во Велика Британија. Можеме да кажеме само една работа - Русија нема никаква врска со тие обиди “, изјави тој пред новинарите во руската престолнина. „Ние ги отфрламе ваквите обвинувања“, додаде тој.

Пол Чичестер, директор за операции на Центарот за национална безбедност, рече: „Ние ги осудуваме овие напади врз оние што вршат значајна работа за борба против пандемијата на коронавирусот“.

Чичестер рече дека хакерската група „речиси сигурно работи како дел од руските разузнавачки служби“.

Mинистерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, рече дека британската влада „го задржува правото да одговори со соодветни мерки во иднина“


Сите тројца западни сојузници настојуваат да го заштитат истражувањето поврзано со коронавирусот и издаваат нови совети за кибернетска-безбедност на фармацевтските компании, универзитети и истражувачки институти.

„Ги повикуваме организациите да се запознаат со советите што ги објавивме за да помогнат во одбраната на нивните мрежи“, додаде Чичестер.

Тројцата западни сојузници за прв пат во мај предупредија дека кибернетски-шпиони поддржани од држава се обидуваат да украдат податоци од истражувања за коронавирусот, но тие во тоа време не идентификуваа кој стои зад нападот. Официјалните лица ги информираа новинарите дека се вмешани Кина, Русија и Иран.

Cozy Bear заедно со хакерската група наречена Fancy Bear беа обвинети од американски официјални претставници и приватни компании за компјутерска безбедност за хакирање на Демократската партија на САД во 2016 година во пресрет на претседателските избори.

Обвинението за кибернетски напади поддржани од Кремљ дојде неколку минути откако министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, им рече на законодавците во Долниот дом дека Русија се обидела да се вмеша во британските избори минатата година.

Раб рече дека е „скоро сигурно“ дека Русија се обидела да влијае на исходот на изборите, откако документите во кои се дадени детали за англо-американските разговори за слободна трговија биле „нелегално стекнати“.

Трговските документи беа ставени на Интернет и беа забележани од најголемата опозициска партија, Лабуристичка партија, по што беа користени во предизборната кампања за да сугерираат дека конзервативците ќе потпишат трговски договор по Брекзит со САД, што ќе биде поповолен за американските бизниси.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека обвинувањата на Раб за мешање во изборите биле нејасни.


Тој додаде дека владините документи нелегално биле стекнати и дистрибуирани преку платформата за социјални медиуми Редит, а потоа следеле и понатамошни обиди да се промовира незаконски стекнатиот материјал преку Интернет, во пресрет на општите избори.

Раб рече дека британската влада „го задржува правото да одговори со соодветни мерки во иднина“ - што е знак дека Лондон размислува да воведе дополнителни санкции за Русија, покрај оние што веќе се воведени поради анексијата на Русија во 2014 година на украинскиот регион Крим и за нападот со нервен агенс во Англија врз поранешен руски шпион.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, рече дека обвинувањата на Раб за мешање во изборите биле нејасни.

„Изјавата е толку магловита и противречна што практично е невозможно да се разбере“, изјави таа пред новинарите во Москва.

Руските власти негираат каква било вмешаност на руската држава во хакирањето на податоци за истражувања за коронавирусот, велејќи дека плановите на Москва за развој на вакцина се во далеку напредна фаза и тврдат дека Русија би можела да биде првата држава што ќе спроведе масовна имунизација.

Американските власти неодамна ги обвинија кинеските шпиони дека се обиделе да украдат информации за вакцините. Директорот на ФБИ, Крис Вреј минатата недела рече: „Во овој момент, Кина работи на компромитирање на американските здравствени организации, фармацевтските компании и академските институции кои спроведуваат суштинско истражување за КОВИД-19“.

Британските власти велат дека тековната и строго насочена хакерска операција од страна на Cozy Bear се фокусирала на објекти за кои се знае дека работат на развој на вакцини против коронавирусот и третмани за надминување на КОВИД-19, болест предизвикана од коронавирусот. Британските истражувачи од Универзитетот во Оксфорд и Империјал колеџот во Лондон се верува дека се меѓу оние што се мета на хакерските напади.

Руските власти во четвртокот објавија дека втората фаза од испитувањето како дел од развојот на руска вакцина против коронавирус ќе заврши на 3 август, а веднаш потоа ќе следува третата фаза.

„Третата фаза нема да се одвива само во Русија, туку и во голем број други држави“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, пред новинарите за време на онлајн прес-конференција.

„Очекуваме да добиеме регулаторно одобрение за почеток на употребата на руската вакцина во периодот август-септември“, додаде тој.

Вакцината е развиена од Московскиот институт за епидемиологија Гамалеи, во соработка со Министерството за одбрана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG