Линкови за пристапност

Руска серија за Чернобил ја обвинува ЦИА за нуклеарната катастрофа


Руската серија следи по високо оценетата серија на ХБО за Чернобил, која приврзаниците на Кремљ ја пречекаа како обид за оцрнување на сликата за Русија како голема нуклеарна сила

Руска телевизиска мрежа планира да емитува мини серија за Чернобил, која сугерира дека саботажа од припадник на ЦИА стои во заднината на нуклеарната катастрофа во Украина во 1986 година во време на советската ера, кога милиони луѓе беа изложени на радијација.

Кремљ беше лут на неодамнешната, високо оценета мини серија во пет делови на ХБО за Чернобил, која ја истакнува самопожртвуваната храброст на оние кои се бореле да го сузбијат пожарот и да ги ублажат последиците од топењето на реакторот. Серијата, исто така, детално ги прикажува и лошото управување и задоцнетата реакција во време на Советската ера, како и одрекувањето на грешката во дизајнот со години подоцна од страна на официјални советски претставници.

Официјалните претставници во тоа време се обиделе вината за смртоносната експлозија да ја лоцираат исклучиво во несоодветно тестирање од страна на неколкумина некомпетентни менаџери.

Според оценките на критичарите и публиката, серијата на ХБО се искачи на врвот на листата на највисоко рангирани телевизиски серии на ИМБД, дури и пред „Game of Thrones“, а мини серијата доби високи оценки од историчарите за нејзината автентичност.

Но, приврзаниците на Кремљ, провладините коментатори и весници ја критикуваа серијата на ХБО, тврдејќи дека таа ја оцрнува сликата за Русија како голема нуклеарна сила.

Московскиот неделник „Argumenty i Fakty“ ја отфрли серијата како „карикатура, а не вистина“. Станислав Натанзон, водител на Русија-24, еден од главните канали за вести во државата, се пошегува дека „единствената работа која недостига се мечки и хармоники“.

Во маркетиншката литература за серијата на НТВ детално е опишан заплетот кој се врти околу агент на ЦИА инфилтриран во Припијат со задача да прибира разузнувачки податоци за нуклеарната централа во Чернобил. Главниот херој во драмата е руски контраразузнавачки агент испратен да го најде.

Пишувајќи за „Moscow Times“, Илија Шпелин од независниот медиум „Dozhd“ вели дека критиките се должат на „љубоморна огорченост“ и „повеќе кажуваат за критиката одошто за серијата“. Тој додава: „Фактот дека американски, а не руски, телевизиски канал ни ја раскажува приказната за нашите херои е срам кој медиумите блиски до Кремљ очигледно не можат да го надминат.“

Според медиумските извештаи руското министерство за култура го помогнало финансирањето на серијата на НТВ со грант од 460.000 долари.

Во маркетиншката литература за серијата на НТВ детално е опишан заплетот кој се врти околу агент на ЦИА инфилтриран во Припијат со задача да прибира разузнувачки податоци за нуклеарната централа во Чернобил. Главниот херој во драмата е руски контраразузнавачки агент испратен да го најде.

Нема доказ дека некогаш агент на ЦИА бил присутен, но режисерот Алексеј Мурадов вели дека неговата драма „ќе им покаже на гледачите што навистина се случило“.

Нема доказ дека некогаш агент на ЦИА бил присутен, но режисерот Алексеј Мурадов вели дека неговата драма ќе им покаже на гледачите што навистина се случило.

Тоа очигледно ќе го направи без да ги прераскаже приказните на пожарникарите и оние кои први реагираа, или без ужасните приказни на стотици војници и цивили подготвени да ги расчистат смртоносните радиоактивни остатоци и да го затвораат реакторот.

Алексеј Мурадов вели: „Според една теорија Американците се инфилтрирале во нуклеарната централа Чернобил и многу историчари не порекнуваат дека, на денот на експлозијата, агент на непријателска разузнавачка служба бил присутен во централата.“

НТВ во последните години има продуцирано документарни филмови кои ги рефлектираат гледиштата на Кремљ.

Серијата за Чернобил на ХБО не се емитуваше на ниту една руска телевизија, но беше достапна за гледачите на интернет со претплата.

Но, прашање е дали Русите и во иднина ќе можат да гледаат серии како драмата на ХБО, велат некои критичари на Кремљ. Минатиот месец руската Дума прелиминарно одобри закон за „дигитален суверенитет“ со цел рускиот интернет да се одвои од глобалниот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG