Линкови за пристапност

Мистеријата за убиството на руски новинари во Африка


Минатонеделниот случај го обнови фокусот врз група платеници поврзана со Кремљ

Убиството на тројца руски новинари кои го истражувале военото присуство на Москва во Централноафриканската Република кое се случи минатата недела го обнови вниманието врз групата платеници, кои наводно имаат врска со Кремљ.

Телата на воениот дописник Орхан Џемал, продуцентот Александар Растрогујев и камерманот Кирил Радченко беа испратени во Москва во неделата на една недела, откако непознати лица од заседа го нападнале нивното возило кое се движело со 180 километри на час, северно од главниот град Банги, и ги убиле новинарите.

Само нивниот локален возач поминал без повреди. Тој подоцна на властите им кажал дека новинарите биле убиени од лица кои носеле турбани и зборувале арапски.

Прашењето за причината за убиството останува.

Дали станува збор за грабеж, како што сугерираа руските и локалните власти од Централноафриканската Република? Новинарите со себе носеле околу осум илјади долари. Централноафриканската Република е позната како една од најсиромашните африкански држави, во која долго време се води борба меѓу муслиманските и христијанските фракции.

Или станува збор за убиство поврзано со работата на новинарите? Тие отпатувале за Централноафриканската Република за да снимаат документарен филм по нарачка на руски олигарх во егзил во врска со таканаречената „Група Вагнер“ која игра важна улога во руските воени амбиции.​

Украина и Сирија

Корените на „Групата Вагнер“ датираат од воената интервенција на Русија во Украина во 2014-та година, кога руски војници и платеници активно учествуваа во конфликтот.

Кремљ инсистираше дека станува збор за „волонтери“ кои обезбедуваат поддршка за проруските сепаратисти во источниот дел на државата.

Групата подоцна се појави и во Сирија, каде што Кремљ во есента 2015-та година започна воена кампања за поддршка на сирискиот лидер Башар ал Асад.

Иако претседателот Владимир Путин на почетокот инсистираше дека воената улога на Русија ќе биде ограничена, „Групата Вагнер“ стана главна тактичка сила на Кремљ во Сирија, велат експертите.

Дебата за жртвите

Одамна се води дебата за бројот на жртви помеѓу припадниците на ова група. И покрај тоа што Кремљ негира нејзино постоење, новинарите ги следат активностите на овие платеници.

Коалиционите сили поддржани од САД беа нападнати од силите лојални на сириската влада во Деир ел Зур во источниот дел на Сирија. Одговорот на САД бил жесток, и имало голем број на жртви меѓу напаѓачите.

Во подоцнежни извештаи се наведуваше дека загинале помеѓу пет и 500 Руси.

Американски претставници подоцна соопштија дека „во нападот загинале стотици Руси“.

Москва се потсмеваше на овие бројки, инсистирајќи дека нема загуби меѓу сопствените трупи.

Влез во Африка

Некои тврдат дека новата мисија на групата во Централноафриканската Република е да се заштитат економските и политичките интереси на Москва.

Медиумските извештаи укажуваат на тоа дека „Групата Вагнер“ треба да се вклопи со 175 руски цивилни и воени „инструктори“ кои се дел од поголемата мисија на ОН чија цел е зајакнување на владата на Централноафриканската Република во време кога таму се води граѓанска војна.

Кремљ, исто така отворено соработува во развојот на дијамантската и минерална индустрија во државата

Истрага, медиумски табуа

Вниманието сега е свртено кон завршување на истрагите; официјалната и новинарската за убиството на руските новинари, и покрај тоа што приказната за „Групата Вагнер“ е сензитивна тема во Русија.

Руските владини медиуми во голема мера ја игнорираа приказната.

Во меѓувреме, независните групи велат дека по руските загуби во Сирија и сега во Централноафриканската Република, време е Кремљ да фрли светло врз постоењето и активностите на групата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG