Линкови за пристапност

„Претпазливост спрема комунизмот“


Извештај на ФБИ во 1949-та, во кој се тврдеше дека американските комунисти го користат Холивуд за остварување на советските цели

На денешен ден (8 јуни) 1949-та година во извештај (Red Scare Two) на Федерално истражно биро (ФБИ) беа објавени имиња на познати холивудски личности, за кои се тврдеше дека биле членови на Комунистичката партија, започнувајќи го периодот на параноја познат како „Претпазливост спрема комунизмот 2.“

Меѓу оние кои се најдоа на листата беа Фредерик Марч, Џон Гарфилд, Пол Муни, Едвард Г. Робинсон, Пол Робисон, и писателот Дороти Паркер.

Тогашниот директор на ФБИ, Џон Едгар Хувер соработуваше со Комисијата за не-американски активности на Претставничкиот дом за да пронајде т.н. субверзивни активности во Холивуд.

Во 1947 година, Конгресот наведе дека 10 холивудски писатели, и режисери не го почитувале судот, бидејќи одбиле да ја откријат политичката припадност или не именувале други лица кои би можеле да бидат комунисти. Лицата од „Холивудската десетка“ како што подоцна беше позната, беа осудени и испратени во затвор по различни обвиненија.

Извештајот на ФБИ се потпираше на обвиненија од страна на „доверливи информатори“ и беше дополнет со анализа на која подоцна нашироко се гледаше со сомнеж.

Мекартизам

Републиканскиот сенатор Џозеф Мекарти од сојузната држава Висконсин предводеше во поттикнувањето на стравувањата дека комунизмот се шири во САД. Тој одржа сослушување и тврдеше дека лично ги имал имињата на десетици американски комунисти кои работат во владата.

Сенаторот обвинувањата ги направи без да презентира докази, уништувајќи репутации и кариери.

Мора да постои чувство на пристојност, господине?

Во пролетта 1954-та, Мекарти започна расправа со армијата на САД, наведувајќи дека постои недоволна безбедност во еден од тајните објектите на армијата.

Армијата го ангажираше бостонскиот адвокат Џозеф Велч да се справи со обвиненијата.

На седницата, која се одржа на 9-ти јуни 1954-та, Мекарти обвини дека еден од адвокатите на Велч има врски со комунистичка организација.

Во живо, пред телевизиската публика, Велч го постави под знак прашалник моралниот компас на сенаторот.

Таа расправа стави крај на кариерата на Мекарти. Тој беше цензуриран од страна на неговите колеги во Сенатот, отфрлен од неговата партија и игнориран од страна на печатот.

Мекарти почина три години подоцна, на 48 годишна возраст.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG