Линкови за пристапност

Милион потписи против судијата за случајот на силување во Калифорнија


Петицијата уследи по благата казна за студентот, кој беше обвинет за силување на млада жена

Преку еден милион лица ја потпишале петицијата на Интернет, судијата во Калифорнија да се тргне од случајот откако на студентот, кој беше обвинет за силување на млада жена, му беше изречена поблага казна.

Судијата во округот Санта Клара, Арон Перски, му изрече шестмесечна затворска казна на атлетската ѕвезда Брок Турнер од Универзитетот Стенфорд, и тригодишна условна казна, за сексуален напад врз жена во бесвесна состојба на универзитетскиот кампус.

Судијата го обвини Турнер по три основи од обвинението за кривичното дело: напад со намера да изврши силување на лице кое загубило свест, сексуална пенетрација врз лице во таква состојба и сексуална пенетрација врз пијано лице.

Турнер се очекува да отслужи само три месеци затворска казна во Калифорнија.

Осудениците со дисциплинирано поведение во затворот, генерално се ослободуваат кога половина од казните се завршени.

XS
SM
MD
LG