Линкови за пристапност

Иранските законодавци бараат смртна казна за лидерите на опозицијата


Иранските законодавци бараат смртна казна за лидерите на опозицијата
Иранските законодавци бараат смртна казна за лидерите на опозицијата

Иранските законодавци бараат опозиционите лидери да бидат соочени со смртна казна заради организирање на анти-владини собири во неколку ирански градови во понеделникот.

Конзервативните ирански законодавци во вторник кажаа дека опозиционите лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби треба да бидат судени заради бунт, што е дело казниво со смрт. Двајцата реформисти ги свикаа собирите во Техеран и на други места да покажат солидарност со неодамнешните арапски востанија против авторитарни влади.

Веб-страницата на Мусави вели дека има „непотврдени извештаи“ дека безбедносните сили уапсиле стотици лица за време на демонстрациите, што привлекле неколку илјади активисти на улиците на главниот град оглушувајќи се на владината забрана.

Иранскиот заменик шеф на полицијата Ахмад Реза Радан вели дека властите уапсиле протестанти, но не кажа колку. Тој исто така рече дека забранета опозициона група се приклучила на собирите и отворила оган на полицијата, убивајќи еден случаен минувач и ранувајќи деветмина припадници на обезбедувањето. За инцидентот нема потврда од независен извор.

Очевидци велат дека иранските безбедносни сили употребиле солзавец и пиштоли со боја за растерување на демонстрантите, од кои некои извикувале слогани на споредување на иранските лидери со автократските арапски владетели соборени со востанија во Египет и Тунис.

Иранскиот спикер на парламентот Али Лариџани ги обвини САД и нивните сојузници за користење на иранското опозиционо движење како средство за поттикнување немири.

Акривистите кои во понеделникот маршираа и извикуваа и „Смрт за диктаторот“ – слоган користен од реформистите кои протестирале по реизборот на конзервативниот претседател Махмуд Ахмадинеџад во спорните избори во 2009. До крајот на денот, слични извици се раширија од покривите на Техеран, како што беше и во нередите пред две години.

Иранските безбедносни сили ги спречија Мусави и Каруби да се приклучат на собирите со тоа што ги опкружија нивните домови во главниот град. Двајцата беа лидери и на протестите од 2009 откако изгубија на изборите од Ахмадинеџат, за кои тие тврдеа дека се наместени, што владата го негира.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ги фалеше иранските демонстранти како храбри и ја повика владата да го следи египетскиот пример со отворање на својот политички систем. Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хаг го поттикна Иран на воздржаност и да им дозволи на луѓето слободно да ги изразуваат своите ставови.

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи ги фалеше револтите во Египет и Тунис како исламско будење, во врска со револуцијата од 1979 која го собори шахот на Иран поддржан од САД. Но властите ја предупредија опозицијата да не организира собири во поддршка на тие востанија, стравувајќи дека такви собири може да се претворат во анти-владини протести.

XS
SM
MD
LG