Линкови за пристапност

Кои се тројцата притвореници?


Американците што се вратија од Северна Кореја со државниот секретар Мајк Помпео, минале многу месеци во севернокорејски затвор обвинети за кривични дела против владата

Претседателот Доналд Трамп вели дека тројцата Американци кои беа притворени во Северна Кореја се ослободени и се враќаат дома, придружувани од државниот секретар Мајк Помпео.

Трамп ова го објавуви на Твитер денес, велејќи дека „трите лица се чини дека се во добра здравствена состојба“. Трамп, исто така, рече дека планира да ги поздрави ослободените Американци кога ќе слетаат во САД.

Тројцата американски државјани во Северна Кореја поминаа долго време заробени, обвинети за злосторства против владата во Северна Кореја.

Ким Донг Чул е во заробеништво откако беше приведен во 2015-та година. Тој беше обвинет за шпионирање на севернокорејската влада и осуден во 2016-та година на десет години тешка работа. Тој за Си-Ен-Ен изјави дека живеел во кинескиот град Јањи од 2001-ва година и работел во посебната економска зона на Расон-Сонбонг, веднаш зад границата во Северна Кореја, управувајќи со компанија за хотелски услуги. Роден бил во Јужна Кореја, а Ким станал државјанин на САД во 1987-ма година, според Си-Ен-Ен.

Северна Кореја го обвини Ким Донг Чул за прифаќање на материјали и документи кои содржеле нуклеарни тајни за време на средбата со поранешен севернокорејски војник. На прес-конференција, Ким се извини за обидот да украде севернокорејски тајни и ги нарече своите дела „непростливи“.

Вашингтон пост објави дека во 2016-та година некои поранешни лица кои биле притворени а потоа и ослободени од Северна Кореја, рекле дека биле принудени да признаат, и им било кажано што да зборуваат.

Другите двајца притвореници биле поврзани со Пјонгјанг Универзитетот за наука и технологија, единствената приватна образовна институција во државата.

Ким Санг-дук, кој исто така го користи и американското име Тони Ким, беше уапсен во април 2017-та година, додека чекал да замине од Пјонгјанг. Ким, на кинескиот факултет „Јанбиан Универзитет“ за наука и технологија, предавал едномесечен курс за меѓународни финансии и менаџмент и работел волонтерски во севернокорејски дом за деца. Универзитето се наоѓа преку границата на Северна Кореја во кинеската провинција Џилин.

Ким Хак-сонг, исто така познат како Џин Сју Сонг, е роден во Кина а школувањето го завршил во Калифорнија. Тој бил уапсен во мај 2017-та година под сомневање за „непријателски дела“ против Северна Кореја. Според канцеларот на универзитетот, тој работел на развој во земјоделската фарма на училиштето.

Тројцата мажи имаат заедничко корејско презиме, но тие не се поврзани.

Сите тројца Американци се сретнале со Џо Јун, највисок дипломат на американскиот Стејт департмент за Северна Кореја, кога Јун патувал во Северна Кореја минатата година за да го донесе америкаснкиот државјанин Ото Вармбер. Тој беше студент на универзитетот во Вирџинија, студирал во Кина, а беше обвинет за кражба и воедно притворен во јануари 2016-та година за време на групна турнеја во Северна Кореја. За време на неговиот притвор тој падна во кома, при што од Пјонгјанг изјавија дека е предизвикана од болест и пилула за спиење. Вармбер беше вратен во САД во вегетативна состојба во јуни 2017-та година и почина шест дена подоцна.

Од 1996-та година, Северна Кореја притворила 16 Американци. Сите беа ослободени. Со повеќе од 900 дена во притвор, Ким Донг Чул се задржал најдолго.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG