Линкови за пристапност

Русија протера 20 Чеси


Потегот е резултат на обвинување експлозија која Чешка се сомнева дека е дело на осомничените во труењето на Скрипал.

(Reuters) - Москва протера 20 чешки дипломати во неделата во конфронтација во врска со чешките наводи дека двајца руски шпиони обвинети за труење со нервен гас, во Британија, во 2018 година, биле зад експлозијата што се случи во чешко депо за муниција при што се убиени две лица.

Во саботата, Прага нареди 18 руски дипломати да ја напуштат земјата, поттикнувајќи ја Русија да вети во неделата дека ќе ги „ги натера авторите на оваа провокација целосно да ја разберат одговорноста за уништување на базата за нормални врски меѓу нашите држави“.

Москва на чешките дипломати им даде само еден ден да заминат, додека Прага на Русите им даде три дена.

Чешката република кажа дека ги информирала сојузниците во НАТО и во Европската унија дека се сомнева оти Русија ја предизвикала експлозијата во 2014, и министрите за надворешни работи на ЕУ за ова дискутираат на нивниот понеделнички состанок.

Американскиот Стејт департмент го пофали цврстиот одговор на Прага на „руските субверзивни акции на чешка почва“.

Ова е најголема кавга меѓу Прага и Москва од крајот на децениската советска доминација во источна Европа во 1989.

Исто така се додава дека растечките тензии меѓу Русија Западот воопшто, зголемени делумно и заради руското натрупување на војска на нивните западни граници и во Крим, што Москва го анексираше од Украина во 2014, по наплив на борби меѓу владините и про-руските сили на исток на Украина.

Русија соопшти дека обвинувањата од Прага се апсурдни, бидејќи претходно ги обвини сопствениците на депото за експлозијата во Врбетице, 300 километри источно од главниот град.

Русија ги нарече протерувањата „продолжување на низата антируски акции преземени од Чешка во последниве години“, обвинувајќи ја Прага дека „се обидува да ги задоволи Соединетите држави по неодамнешните американски санкции против Русија“.

Испорака на оружје

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека нападот бил насочен кон пратка до бугарски трговец со оружје.

„Ова беше напад врз муниција која веќе беше платена и се чуваше за бугарски трговец со оружје“, рече тој на чешката телевизија.

Тој рече дека трговецот со оружје, кого не го именуваше, подоцна бил мета на обид за убиство.

Бугарското обвинителство обвини тројца Руси во 2020 година за обид за убиство на трговецот со оружје Емилијан Гекрев, кој според чешките медиуми беше идентификуван како иста личност. Ројтерс не беше во можност да стигне до Гекрев за коментар.

Чешката полиција соопшти дека две лица кои ги користеле имињата Александар Петров и Руслан Боширов отпатувале во Чешка неколку дена пред експлозијата на складиштето за оружје.

Овие имиња биле алијаси што ги користеле двајцата руски офицери за воени разузнавачки служби GRU, кои ги бара Велика Британија заради труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервниот агенс Новичок од советската ера, во англискиот град Солсбери во 2018 година. Скрипал и ќерка му преживеаја, но едно лице што се нашло на местото, почина.

Кремљ негираше вмешаност во тој инцидент, а напаѓачите остануваат на слобода.

Чешкиот министер за внатрешни работи и вршител на должноста министер за надворешни работи, Јан Хамачек, рече дека полицијата знаела за двете лица од самиот почеток, „но дури кога се случил нападот во Солсбери открил дека тие се членови на GRU, единица 29155“.

Хамачек рече дека Прага ќе побара помош од Москва при испрашувањето, но не очекува соработка.

„Опасни и малигни“

Шефот на британската дипломатија Доминик Рааб објави на Твитер декa Чесите откриле „до каде може да оди GRU во нивните обиди за спроведување опасни и малигни операции“.

Официјален претставник на НАТО рече дека алијансата ќе ја поддржува Чешка додека ги истражува „малигните активности“ на Русија, кои се дел од моделот на „опасно однесување“.

„Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде официјалното лице, кое одби да биде именувано.

Соединетите држави воведоа санкции против Русија во четвртокот за мешање во минатогодишните избори во САД, со компјутерско хакирање, заради притисок во Украина и други активности, што ја натера Москва да возврати.

Во неделата, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека Вашингтон ѝ рекол на Москва дека „ќе има последици“ доколку Алексеј Навални, опозициската фигура, кој за малку избегна смрт минатата година откако бил отруен со, според западните експерти - Новичок, умре во затвор, каде што штрајкува со глад.

Инцидентот од 2014 година излезе повторно на површината во незгодно време за Прага и Москва.

Чешка планира да отвори наддавање за изградба на нова нуклеарна централа во нејзиниот комплекс Дуковани.

Безбедносните служби побараа да се исклучи рускиот „Росатом“ како безбедносен ризик, додека претседателот Милош Земан и други високи функционери ја поддржуваат Русија.

Во текстуална порака, министерот за индустрија Карел Хавликек, кој претходно беше за вклучување на Русија, за Ројтерс изјави: „Веројатноста Росатом да учествува во проширувањето на Дуковани е многу мала.“

XS
SM
MD
LG