Македонските граѓани секој на свој начин ќе ја памети 2024 година.
Покрај успесите и убавите моменти на личен план, најголем дел од граѓаните велат дека ќе се сеќаваат и по високите цени на производите, но и на зголемувањето на пензиите.
Анкетата ја правевме низ Охрид. Прво ги прашавме: „По што ќе ја паметите 2024 година?
Овие се одговорите што ги добивме:
„По тоа што се преселив во Германија и почнав со студии“, одговори една девојка.
Ме избркаа од Скопје, да мораме да дојдеме тука во Охрид, поради воздухотЖителка на Охрид
„Сите најубави работи ми се случија оваа година. На пример многу работи и во привантиот живот, и измените во општеството, на пример ме избркаа од Скопје, да мораме да дојдеме тука во Охрид, поради воздухот. А потоа скапотијата“, додаде друга повозрасна личност.
„Во Јапонија бев, па се вратив овде во Македонија. Запознав многу другарки од Англија, од Јапонија. ќе ме посетат сега во февруари. Добри другари направив“, вели помлад жител на Охрид.
„По убави работи, по патувања. Ми беше полна година. Студирав во Романија, как еразмус студент. Беше богата година. Би рекла дека ми беше една од најубавите години досега“, вели една македонска студентка.
„Не по убави работи. Ми се случија многу неубави работи. Се надевам дека 2025 година ќе биде поуспешна и поубава. Не сум долго време во државата, но посакувам да е се најубаво во нашата држава. На се, економски најмногу и сето тоа го чувствуваме, политички да не навлегувам“, вели еден македонски државјанин.
„Многу успешна година ми бешена личен план. Баба на многу внуци, со убави оцени. Некои играат тенис, вежбаат. Друго по изборите и промените“, додава друга личност.
„Имаше избори, многу превирања, сиромаштија, народот е се повеќе сиромашен. Цените одат пак нагоре, помали се покачувањата на пензиите и платите“.
„На личен план се преселивме од странство, овде се вративме назад. Имаме куќа, ја реновиравме, се е во ред, работата оди. Добра беше оваа 2024, неможам да се пожалам. Од Италија се преселивме, сите се вративме назад“, вели жителка на Охрид.
„Турболенции, сè е катастрофално. На Блискиот Исток, Украина, сè нешто не е баш на добро. Не ми се допаѓа баш, не е добро. И овој што избега Груби, не е добро. Сите сме ние едно, од сите нас е украдено“.
Очекувањата се дека во новата година ќе им се исполнат исполни сите, желби и реализираат сите предизвици на личен и професиоанлен план.
Ги прашавме: „Што очекувате од 2025 година?
„Да ми оди со факултетот, и со цел да го завршам факултетот. Исто во Германија?Да“.
2025 година очекувам нова работа. И се радувам за нова работа, за нови колегиЖител на Охрид
„2025 што очекувам? Очекувам да дојдат млади луѓе, кои што ќе направат некои радикални промени. Прво со умовите, кои ги имаме на сите страни“.
„2025 година очекувам нова работа. И се радувам за нова работа, за нови колеги“.
„Очекувам да биде уште поубава година. Исполенета со патувања, со дипломирање, со нова работа“.
„Секогаш имаме надеж за подобро. Надежите не одржуваат“.
„Секој е оптимист па и јас. Повеќето се оптимисти, па и јас сум оптимист. Нешто да се подобри, да се подобри стандардот, да има мир и здравје“.
„Да продолжи ова позитивно што беше во 2024 и во 2025 година да биде. И да одам повеќе во теретана за да ослабнам. Секоја година ја имам истата желба“.
„Би требало да биде добра. Се надевам на тоа“.
2025 година носи многу очекувања и желби за позитивни случувања и подобрување пред се на економската состојба, и запирање на војните кои што владеат низ светот.