Линкови за пристапност

Пилула за меморија


Пилула за меморија
Пилула за меморија

Истражувачите велат дека лек што е веќе одобрен од регулаторите за третирање на висок крвен притисок може исто така да помогне во подобрување на меморијата што се губи со возраста.

Лекот наречен гванфасин во моментов е на клиничко тестирање во Универзитетот Јејл во Конетикат за потврдување на корисните ефекти во зајакнување на таканаречената работна меморија кај постари лица.

Невробиологот од Јејл, Еми Арнстен, вели дека работната меморија е неопходна за посложени когнитивни функции, и е основа за нешта како апстрактно размислување и функции како што е вршење повеќе работи во исто време.

Арнстен вели дека работната меморија почнува да опаѓа околу четириесетата година во животот на човекот.

„Овие недостатоци што започнуваат во средните години, кај мајмуните и кај луѓето, стануваат прогресивно полоши како што старееме. Затоа, ова е многу е важно за работни места кои бараат многу од вас за задржување на кариерата. Но важно е и за базичните работи како справување со финансиите, за нашата медицинска грижа како што старееме“, вели Арнстен.

Таа вели дека работната меморија инволвира неврони – мозочни клетки – во високо развиена област на мозокот што се вика при-фронтален кортекс. Со цел да ја задржат таа информација, Арнстен вели дека невроните треба да се стимулираат преку мрежа на врски. Но како што старееме, таа вели дека неврохемиската средина се менува и врските меѓу клетките ослабуваат. Резултат е што луѓето не се во состојба да се сетат на работи како кога биле помлади.

Тоа е она што истражувачите, предводени од Арнстен, нашле со експерименти направени со мајмуни од видот резус макака. Два од мајмуните биле млади, два на средна возраст и два постари. Научниците нашле дека невроните кај овие животни слично реагирале кога прв пат им бил покажен нивниот омилен десерт.

Но невронската активност опаднала кај постарите животни кога тие требало да чекаат на десертот одреден период и потоа да погодат каде е сокриен. Научниците забележале дека ослабувањето на активирањето на мозочните клетки било пропорционално со возраста ан мајмуните.

Арнстен вели дека истражувачите потоа на постарите мајмуни им дале лек гванфасин, за висок крвен притисок, и разликата на невронската активност меѓу постарите и помладите мајмуни се намалила. Тестовите покажале дека истиот лек, даван систематски, може да ја подобри работната меморија.

Истражувачите го поврзале ослабувањето во работната меморија со акумулацијата ан протеин наречен циклик-АМП во при-фронталниот кортекс, но дека гванфасинот го намалува протеинот на ново од порано во животот.

Сепак, Арнстен вели дека лекот нема многу да помогне кај луѓе што страдаат од Алцхајмерова болест и други форми на деменција.

Статијата за подобрување на работната меморија со гванфасин е објавена во журналот „Природа“.

XS
SM
MD
LG