Линкови за пристапност

Двоен терористички напад во Филипините


Во двата бомбашки напади врз катедрала во западниот дел на Филипините загинаа 20 лица, а ранети се 81. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите соопштен претходно бил неточен поради двојното броење од страна на властите.

Владата вети дека ќе ги гони извршителите на нападот се` додека тие не бидат ставени зад решетки.

Првата бомба експлодираше за време на миса во катедрала во Јоло, провинцијата Сулу. Додека воените и полициските сили се упатиле кон локацијата да помогнат, експлодирала и втора бомба.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте го осуди нападот и кажа дека станува збор за „терористички чин“.

Новинската агенција Амак соопшти дека Исламската држава ја презела одговорноста.

XS
SM
MD
LG