Линкови за пристапност

Регионот „Охрид - Преспа“ стана биосферен резерват


УНЕСКО го прогласи регионот „Охрид - Преспа“ за 14-ти Биосферен резерват во светот

Во албанскиот град Корча, на посебна манифестација, регионот „Охрид - Преспа“ беше инаугуриран во 14-тиот по ред светски Прекуграничен биосферен резерват, заштитен од УНЕСКО.

Претставници на Националните комисии на УНЕСКО им ги предадоа сертификатите за прогласување на Прекуграничниот резерват на министрите за животна средина на Република Македонија и на Република Албанија, Нурхан Изаири и Лефтер Кока, во присуство на високи владини претставници, на парламентите на двете држави, на општините што гравират во регионот Охрид - Преспа, на ЕУ и на дипломатскиот кор.

„Биосферниот резерват претставува нова форма на заштита на УНЕСКО, во која човекот е ставен во прв план, но тоа воопшто не значи дека заштитата на биосферата е второстепена, туку се работи на заштита на природните ресурси преку изнаоѓање баланс меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој на туризмот со кои ќе се излезе на европскиот пазар“, изјави заменик министерот за жиботна средина и просторно планирање на Република Македонија, Стево Темелковски.

Основната цел поради која овој регион доби ваков статус е овозможување одржлив развој на прородните ресурси со помош на населението кое гравитира кон регионот Охрид - Преспа.

Прекуграничниот биосферен резерват Охрид - Преспа ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од 446.244 хектари, територија која припаѓа на албанскиот и македонскиот дел од сливното подрачје на овие две езера. На територијата на резерватот се евидентирани над 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска, како и шест на македонската страна.

XS
SM
MD
LG