Линкови за пристапност

Северна Македонија да обезбеди еднакви можности за сите млади луѓе, порача Стејт департментот


За изградба на издржлива држава неопходно е да се користат вештините на сите граѓани, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот

Ја охрабруваме Северна Македонија да инвестира во образованието на нејзината младина за да обезбеди еднакви можности за сите млади луѓе во државата, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„За изградба на издржлива држава неопходно е да се користат вештините на сите граѓани“, рече портпаролот.

Тој нагласи и дека од граѓаните на државата и од нивните лидери зависи дали се потребни нови програми во образовниот систем.

„Охридскиот рамковен договор одигра витална улога во помошта да се изгради Северна Македонија како мултиетничка демократија и да спречи поголем конфликт“, рече тој, и го поздрави прогресот што државата го направила изминативе 20 години унапредувајќи ги принципите на Охридскиот рамковен договор.

САД, кои директно учествуваа во посредништво и олеснување на политичките преговори, преку изјава на американската амбасадорка Кејт Брнз и видеообраќање на портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, денес порачаа дека се гордеат што заедно со Северна Македонија ја прославуваат 20- годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG