Линкови за пристапност

Плодни земјоделски полиња стојат празни, а Северна Македонија увезува дури 70% од потребите за храна


Наместо јаболкови насади, домати и пченица, кои ги имаше до пред само три децении, останаа необработените површини, денес покриени со бројни депонии од градежен шут
Наместо јаболкови насади, домати и пченица, кои ги имаше до пред само три децении, останаа необработените површини, денес покриени со бројни депонии од градежен шут

Експертите велат дека со менување на земјоделските политики од корен, земјата може да биде земјоделски одржлива, поради одличните предуслови, кои ги поседува за тоа

Од некогаш плодното Струшко поле, денес нема речиси ништо. Од богатото со јаболкови насади, домати и пченица, до пред само три децении, останаа необработените површини, сега покриени со бројни депонии од градежен шут, а во близина се наоѓа и дивата градска депонија.

Но, сликата е речиси слична низ целата држава. Земјоделски површини зјаат празни. Земјава увезува дури 70% од потребите за храна, иако може да биде земјоделски одржлива велат агрономите.

Цели полиња обработлива земја стојат празни, а храна се увезува
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00
Нашето земјоделие сè повеќе треба да оди во насока на професионално земјоделство, а не аматерско. Треба да се зголемат професионалните земјоделци, дали како индивидуалци или како фирми
Мирослав Трајчески, Агроном

„Нашето земјоделие сè повеќе треба да оди во насока на професионално земјоделство, а не аматерско. Треба да се зголемат професионалните земјоделци, дали како индивидуалци или како фирми и да се зголемат обработливите површини. Само со професионално земјоделие, ние ќе можеме да произведеме доволно количина по квантитет, меѓутоа не само тоа, таа количина која треба да се произведе за наши потреби, треба да биде по конкурентни цени, за да се дестимулира увозот од странство“, вели агрономот Мирослав Трајчески.

Состојбата последните години е критична и во најголемата житница во земјава Пелагонија. Според познавачите на приликите, до пред само десетина година, само комбинатот Пелагонија, засејувал помеѓу 8.000 и 10.000 хектари, при што се произведувале и повеќе од 70.000 тони лебно зрно, вклучувајќи ги овде и пролетните култури.

Северна Македонија располага со големи површини и одлични временски прилики, кои треба да се искористат за производство на храна, барем за задоволување на домашните потреби велат експертите.

„За жал јас не гледам дека досега тоа се случува во Македонија. Тоа се должи на повеќе нешта. Како прва причина би ја посочил генерално лошата политика во земјоделието во сите овие години досега, не само сега и без план повеќегодишен, без генерални вложувања во земјоделието, без насоки по кои треба да се движи земјоделието“, додава Трајчески.

„Она што мене ме плаши е што Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи. На пример доматот. Доматот е намален за повеќе од 60%. Доматот како производ во градинарството е со најголема додадена вредност и извозно гледано внесува највеќе девизи. Тоа за мене е застрашувачки“, објаснува Благој Муканов, експерт за земјоделство.

Дополнителен проблем е и што бројот на млади земјоделци кои се занимаваат со оваа професија е сè помал.

„Земјоделците се веќе амортизирани. Млад свет не сака да го работи ова, се се над 50 години. Скоро никаков интерес нема за некој да продолжи со оваа работа“, вели земјоделецот Бране Дамјаноски.

Потребно е да се преземат крупни чекори и од корен да се променат состојбите во земјоделството, вели агрономот Трајчески.

„Погледнете ја вие една Србија, која го издржа ембаргото. Ембаргото Србија го издржа, затоа што беше независна од храна од увоз. Имаше храна за сопствени потреби. И ние мора да тежнееме кон тоа. Со тоа и нашата позиција во меѓународните односи ќе се зацврсти. И тоа е една долгорочна политика“, вели Трајчески.

Експертите препорачуваат дека е потребна соработка помеѓу сите фактори во општество, а во домашното производство на храна да се имплементираат најновите научни достигнувања и најсовремени технолошки процеси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG