Американски федерален судија одлучи дека програмата за телефонско шпионирање на Националната агенција за безбедност е легална и корисна во борбата против тероризмот.
Судијата Вилијам Поли во писмена изјава кажа дека најголем дел од собраните телефонски податоци е „контра-удар“ на тероризмот што не ги крши правата за приватност на Американците.
Поли ја отфрли пријавата за судска постапка поднесена во Менхетн, Њујорк, од Унијата за граѓански слободи. Неговата одлука е контрадикторна на претходна одлука од судија во Вашингтон кој кажа дека програмата на агенцијата најверојатно е противуставна. Тој судија ги одложи ефектите од пресудата заради очекувана владина жалба.
Програмата на агенцијата беше откриена порано годинава од Едвард Сноуден, кој работел во агенцијата, а сега е во Русија на привремен азил.