Линкови за пристапност

Нобеловата награда за мир доделена на затворена иранска активистка


ДОСИЕ - Истакнатата иранска активистка за човекови права Наргес Мохамади (во средина) седи до иранската добитничка на Нобеловата награда за мир, Ширин Ебади (лево) додека присуствуваше на состанокот за правата на жените во Техеран, Иран, на 27 август 2007 година.
ДОСИЕ - Истакнатата иранска активистка за човекови права Наргес Мохамади (во средина) седи до иранската добитничка на Нобеловата награда за мир, Ширин Ебади (лево) додека присуствуваше на состанокот за правата на жените во Техеран, Иран, на 27 август 2007 година.

Наргес Мохамади беше апсена 13 пати

Нобеловата награда за мир оваа година и е доделена на Наргес Мохамади, активистка за жени и човекови права, која е затворена во Иран.

Мохамади беше уапсена од иранската влада 13 пати, осудена пет пати на вкупно 31 година затвор и 154 удари со камшик.

Нобеловиот комитет соопшти дека животот на Мохамади го отелотворува мотото „Жена – живот – слобода“ на протестите во Иран што избувнаа минатата година откако младата жена, Махса Амини, почина во притвор откако беше уапсена од полицијата за морал поради неправилно носење на шамијата.

Неколку часа по прогласувањето на Мохамади за добитник на Нобеловата награда за мир за 2023 година, на Инстаграм профилот на Мохамади објави соопштение од нејзиното семејство во кое таа им честита на сите Иранци, особено на храбрите жени и девојки од Иран.

„Сакаме да ги упатиме нашите искрени честитки до сите Иранци, особено до храбрите жени и девојки од Иран, кои го привлекоа вниманието на светот со својата храброст во нивната борба за слобода и еднаквост. Оваа извонредна чест е траен сведок на неуморните граѓански и мирни напори на Наргес Мохамади да донесе промени и слобода во Иран.

Семејството на Мохамади изрази жалење што таа во овие моменти е во затвор, истакнувајќи во својата изјава: „За жал, Наргес не е на наша страна да го сподели овој прекрасен момент. Бидејќи е неправедно затворена, не можеме да ја видиме нејзината среќна реакција на ова извонредна и славна вест“.

„Оваа извонредна чест ѝ припаѓа на секој од вас, храбриот и отпорен народ на Иран, кој неуморно и мирно се бореше за слобода“.

Мохамади го започна својот активизам во 1990-тите како млада студентка по физика. Таа за првпат беше уапсена во 2011 година порди нејзината работа со затворени активисти и нивните семејства.

Нејзиниот последователен активизам, привлекувајќи внимание околу смртната казна во Иран, тортурата и сексуалното насилство врз политичките затвореници, особено жените, резултираше со повеќе апсења.

Минатата година, како лидер меѓу затворениците, таа изрази поддршка за демонстрантите кои излегоа на улиците на Иран по смртта на Амини. Затворските службеници ја спречија да прима повици и посетители, но таа некако успеа да прошверцува напис за Њујорк Тајмс кој беше објавен на годишнината од убиството на Амини.

Таа напиша: „Колку повеќе нè затвораат, толку посилни стануваме“.

Алфред Нобел, шведски хемичар од 19 век, најпознат по измислувањето на динамитот, обезбедил пари за Нобеловите награди во својот тестамент. Тој рече дека треба да има пет награди и тоа за физика, хемија, физиологија или медицина, литература и мир. Овие награди требало да бидат доделени на „оние кои во текот на претходната година ќе му дале најголема корист на човештвото“.

XS
SM
MD
LG