Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја откри неговата изборна платформа, во пресрет на јунските парламентарни и претседателски избори.
Пред полниот спортски стадион во Истанбул, во кој членовите на неговата Партија за правда и развој го пречекаа веејќи знаменца, турскиот лидер се заложи за ера на поголема демократија и социјална правда.
Меѓутоа, неговата историја во Владата покажува нешто сосема спротивно од она за што тој се заложи, велат аналитичарите и лидерите на граѓанското општество.
Тие стравуваат дека Ердоган ќе прземе уште поостри мерки кон невладините организации, ако биде избран повторно.
Турција преминува од парламентарен во претседателски систем, и реизбраниот Ердоган ќе има уште поголема извршна моќ.
„Ердоган ќе стане шеф на државата, на Владата, на полицијата, на Армијата и на владејачката партија“, вели Сонер Кагапти, аналитичар во истражувачката организација Институт Вашингтон, нагласувајќи дека тој ќе стане најмоќниот турски лидер од времето на Ататурк, дури и помоќен од него.
Истражување објавено минатата недела, ја обвини Турција за замолчување и затворање на невалдините организации изминативе две години.
Индексот, кој до 2015-та година беше објавуван од Институтот Хадсон, а сега е надгледуван од Школата за филантропија на Унивезритетот Индијана, нотираше дека повеќе од 1.100 невладини организации биле затворени од турската Влада од 2016-та година.
Истражувачите предупредуваат на нов притисок врз странскиот невладин сектор, кој се обидува да им помогне на раселените сириски бегалци во јужниот дел на Турција
Амнести интернешенал минатиот месец, предупреди дека поборниците за човекови права во Турција се на удар на турските власти, нагласувајќи дека 1.300 невалдини организации биле затворени изминативе две години, меѓу кои водечките организации за социјална правда.
Сојузниците на Ердоган велат дека обвинувањата не се фер, и оти граѓанскиот сектор во соработка со турските власти направиле легендарен напор во поддршка на 3.5 милиони сириски бегалци, кои избегаа во Турција.
Facebook Forum