Линкови за пристапност

Човекот чиј чекор беше скок за човештвото

Нил Армстронг (1930-2012)
Нил Армстронг (1930-2012)

Сеќавање низ слика и збор на американскиот астронаут Нил Армстронг кој почина саботата.

Го направи последниот чекор на оваа планета, но засекогаш ќе остане во сеќавањето за скокот што го направи во име на човештвото. За Нил Армстронг, кој саботата почина на 82-години во родната сојузна држава Охајо од компликации по кардиоваскуларна процедура извршена нешто порано месецов, не треба некакво посебно претставување - тој е вгнезден во колективната меморија на светот.

На чело на екипажот што со Аполо 11 слета на Месечината на 20-ти јули 1969-тата, Армстронг беше првиот што стапна на нејзината површина и ја упати бесмртната порака: Ова е мал чекор за човекот, но голем скок за човештвото“. Додека очите на светот преку ТВ-екраните беа свртени кон Месечината, Армстронг мина речиси три часа чекорејќи и потскокнувајќи на неа со колегата Едвин „Баз“ Олдрин.

Сеќавање на американскиот херој Нил Армстронг

Нил Армстронг, човекот чиј чекор беше скок за човештвото
1/11 Нил Армстронг, човекот чиј чекор беше скок за човештвото
Армстронг отпоздравува по примање на конгресниот Златен медал во Вашингтон, 16-ти ноември 2011-та
2/11 Армстронг отпоздравува по примање на конгресниот Златен медал во Вашингтон, 16-ти ноември 2011-та
Првиот човек на Месечината со насмевка на распитот во Конгресната комисија за наука, вселена и технологија во Вашингтон, 22-ри септември 2011-та
3/11 Првиот човек на Месечината со насмевка на распитот во Конгресната комисија за наука, вселена и технологија во Вашингтон, 22-ри септември 2011-та
Од доделувањето на Златниот медал Ленгли на 20-ти јули 1999-та во Музејот за воздухопловство и аеронаутика во Вашингтон
4/11 Од доделувањето на Златниот медал Ленгли на 20-ти јули 1999-та во Музејот за воздухопловство и аеронаутика во Вашингтон
Екипажот на Аполо 11: Нил Армстронг (лево), Едвин „Баз“ Олдрин (десно) и Мајкл Колинс (во центарот)
5/11 Екипажот на Аполо 11: Нил Армстронг (лево), Едвин „Баз“ Олдрин (десно) и Мајкл Колинс (во центарот)
Нил Армстронг позира во вселенско одело на една од официјалните фотографии на НАСА
6/11 Нил Армстронг позира во вселенско одело на една од официјалните фотографии на НАСА
Астронаутите од Аполо 11 во неформален разговор со претседателот Ричард Никсон, 24-ти јули 1969-та
7/11 Астронаутите од Аполо 11 во неформален разговор со претседателот Ричард Никсон, 24-ти јули 1969-та
Нил Армстронг во 1969-та
8/11 Нил Армстронг во 1969-та
Нил Армстронг позира пред X-15
9/11 Нил Армстронг позира пред X-15
Les acheteurs prennent d'assaut le centre commercial Brea, à Brea, en Californie, le vendredi 29 novembre 2013
10/11 Les acheteurs prennent d'assaut le centre commercial Brea, à Brea, en Californie, le vendredi 29 novembre 2013
Нил Армстронг, командантот на Аполо 11, по прошетката на Месечината.
11/11 Нил Армстронг, командантот на Аполо 11, по прошетката на Месечината.
Previous slide
Next slide

Нелколку недели подоцна, Армстронг, Олдрин и третиот член на екипажот, Мајкл Колинс, беа еуфорично пречекани на парадите во Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес. Подоцна појдоа и на светска турнеја.

Освојувањето на Месечината го означи американскиот триумф во вселенската трка за време на Студената војна со Советскиот Сојуз, што започна во октомври 1957-ма кога Советите го лансираа сателитот Спутник 1.

Во последните години Армстронг во најголем дел се повлече од јавниот живот, но нешто порано годинава одржа говор на Државниот универзитетот на Охајо во чест на колегата Џон Глен, првиот Американец кој орбитираше околу Земјата.

За мисијата на Аполо 11, Армстронг беше одликуван од 17 земји. Тој е добитник на американскиот Претседателски медал на слободата, Конгресниот медал на честа за постигнувања во вселената и Медалот на НАСА за истакната служба.

Во подоцнежните години од животот, Армстронг служеше како заменик-помошник управник на НАСА, а беше и професор по аеронаутичко инженерство на Универзитетот на Синсинати. Живееше на семејниот ранч од 120 хектари близу Синсинати.

Во изјавата по веста за починувањето на Армстронг, претседателот Барак Обама го нарече еден од најголемите американски херои на сите времиња.

„Кога тој и колегите полетаа, со себе ги понесоа аспирациите на целата нација. Појдоа да покажат дека американскиот дух може да допре подалеку и од навидум незамисливото - дека со доволно елан и остроумност, се` е можно“, наведува Обама, чествувајќи го Армстронг.

За републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни, Армстронг е американски херој кој засекогаш ќе го инспирира. Тој му оддаде почит затоа што работел „со немерлива храброст и бескрајна љубов кон својата земја“.

Семејството на Армстронг, пак, во својата изјава ја замоли јавноста „да го чествува неговиот пример на служба, остварување и скромност“.

“Следниот пат кога во ноќ без облаци ќе излезете надвор и ќе видите како Месечината ви се насмевнува, помислете на Нил Армстронг и намигнете му“, стои во семејното соопштение.
This item is part of
XS
SM
MD
LG