НАТО најави посилен ангажман на Западниот Балкан. Тоа е една од точките за кои се согласија министрите за надворешни работи на земјите-членки на Алијансата на дводневната сесија во Брисел
Впечатокот во седиштето на НАТО е дека се уште има незавршена работа на Балканот, или како што изјавија некои дипломати – регионот функционира на база на „закрпени“ сојузи и партнерства кои треба да се заокружат во целина. По сесијата за Балканот како светла точка беше посочена Црна Гора, додека за останатиот дел, во кој влегува и Македонија, се нотираше назадување на реформскиот процес.
„Црна Гора покажа колку евроинтеграцијата може да постигне. Го поздравуваме фактот што 15 земји-сојузнички го ратификуваа пристапувањето на Црна Гора во НАТО. Но, во другите делови од регионот напредокот не успеа и гледаме назадување на реформите. Оттука, мора повеќе да направиме за да обезбедиме реформски процес и стабилност со повеќе политички дијалог, повеќе практична соработка преку подлабока соработка со ЕУ зашто стабилноста на Западниот Балкан носи поголема безбедност за Европа“ кажа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Дипломатски извори за Гласот на Америка велат дека за Македонија се зборувало во делот на бегалската криза и нејзиниот, како што се пренесува, позитивен придонес во целиот процес. Нашите соговорници велат дека поради близината на вонредните избори в недела, но и другите поитни прашања, министрите не навлегле во повеќе детали за ситуацијата во Македонија и нејзината интеграција која подолг период е фактички замрзната. Но, тоа не значи дека НАТО не ја следи состојбата и дека очекува конечно надминување на политичката криза по изборите.
На Самитот во Варшава во јули годинава Алијансата заклучи дека Македонија се оддалечила од НАТО-вредностите и дека треба да се одржат кредибилни избори, да се зајакне владеењето на правото, да се овозможи