Линкови за пристапност

Какви се шансите на Македонија за членство во НАТО?


Гласот на Америка интервјуираше двајца експерти по прашањето

По повод поканата на Црна Гора да се приклучи во НАТО, Гласот на Америка побара експертско мислење за перспективите на Македонија во овој процес. Курт Вокер, поранешен амбасадор на САД во НАТО, а

сега извршен директор на Институтот за меѓународно лидерство Мекејн, вели дека целокупната политичка ситуација во Македонија изминативе неколку години, како прислушувањата, заканите за апсења на припадници на опозицијата или владата, комбинирано со случувањата во судството, прашања поврзани со национализам, спорот со името, изградените споменици – прави да се добие впечаток дека Македонија е помалку подготвена денес, споредено со 2008-та, кога за прв пат имаше шанса да биде поканета да се приклучи на НАТО.

Сепак, тој додаде дека и натаму верува дека Македонија е поподготвена од некои од земјите кои претходно биле поканети за членство, и тоа, како што кажа, би било правилно да се стори, „за да можеме да видиме развој на настаните во позитивна насока“.

„Како и да е, токму прашањето со името е главна пречка. Вокер порача дека потребно е да се работи на зајакнување на независното судство, и да постои вистински независен јавен обвинител. Би сакал да видам и одредени реформи во службите за разузнавање и контра-разузнавање, бидејќи сето она што се случуваше со скандалот „прислушавање“, е шокантно, кажа тој. Овој експерт воедно смета дека политичката атмосфера треба повторно да се олади и веројатно единствениот начин да се случи тоа, е преку слободни и фер избори“, рече Вокер.

Дејмон Вилсон пак, извршен потпретседател на Атлантскиот Совет, кажа дека „одлуката да се упати покана на Црна Гора за членство во НАТО е мошне важен и позитивен сигнал, бидејќи и покрај сето она што се случува во светот, како економските предизвици, геополитичките тензии, НАТО-политиката на „отворена врата“ е веродостојна и присутна. Ова е одличен знак за Македонија, Грузија за Босна и Херцеговина. Дури и за земјите како Шведска, Финска, дури и Кипар. Проширувањето на НАТО ќе продолжи, ќе има иднина за постоење на Европа – цела, слободна и во мир. Работата не е завршена. Следниот чекор би требало да биде – посакување на добредојде на Македонија, Грузија и продолжување на напорите истото да се стори и за Босна“, кажа тој.

XS
SM
MD
LG