НАТО денес повика на целосна истрага за причините за уривањето на „Азербејџан ерлајнс“ во која загинаа 38 лица.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот J28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО Фарах Даклала во објава на платформата Икс.
„На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“.
Претседателот на сенатот на Казахстан претходно денес изјави дека причината за авионската несреќа сè уште не е позната.
Патнички авион „ембраер 190“ се урна вчера во близина на градот Актау во Казахстан, при што загинаа 38 лица, откако се пренасочи од областа на Русија што Москва неодамна ја бранеше од напади со украински беспилотни летала.