Во поголем дел на светот преучилишните деца кои посетуваат градинка, во текот на денот имаат резервирано време за спиење. Но, освен тоа што преспивањето е добро за децата, досега немаше научен доказ за каква било бенефиција.
Сега научници од Универзитетот Амхерст во Масачусетс открија дека кусото спиење преку ден всушност ја подобрува меморијата кај дечињата.
Испитувањата биле вршени врз 40 деца на возраст меѓу 3-5 години од шест градинки. Ги учеле децата за правилата на игра за меморија што вклучува учење на локации на различни слики на слагалка.
Тоа попладне, половина од нив спиеле 77 минути, а другата половина била држена будна. По будењето, од децата било побарано да се присетат на локациите на објектите.
Студијата ја предводела Ребека Спенсер, професорка по психологија.Таа вели: „Доколку го држите детето будно во времето кога има навика да спие, тоа заборава 15 проценти од информациите што ги примило тоа утро, а доколку преспивањата се редовни, помнењето им е 100 процентно“, вели Спенсер.
За да се осигураат дека немало други фактори кои придонеле за ваквите резултати, истите деца биле тестирани и наредниот ден. Резултати биле непроменети.
Токму затоа, Спенсер и нејзиниот тим се категорични дека треба се поддржи преспивањето на оваа возраст, бидејќи креира клучна улога во консолидирање на меморијата и поттикнување на процесот на учење.
Студијата за важноста од преспивање кај предучилишните деца е објавена во журналот Трудови на Национланата академија за науки.