Линкови за пристапност

Надзорниот одбор во М-НАВ одлучува за ново раководство во компанијата


Надзорниот одбор мора прво да го комплетира составот а потоа да одлучи по владиниот предлог за двајца нови директори. Министерот Османи тврди дека неговата сестра е вработена во М-НАВ пред да биде избран за функционер, но неговата биографија го покажува спротивното

СКОПЈЕ – Надзорниот одбор во државната М-НАВ треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Владата да ги именува Хекуран Асани и Милан Кораќ за нови директори во државната компанија. Состанокот почна попладнево но надзорниот одбор прво мора заврши неколку технички формалности пред да ја разгледува владината препорака. Имено прво треба да се формализира местото на Едмонд Калиќи како член на Надзорниот одбор кој е предлоѓен од Управниот одбор на местото на Хамзи Емини. Откако ќе се комплетира на нова седница која може да се одржи денеска ќе се одлучува по предлогот на Владата. Доколку се усвои, потребно е да се закаже уште една седница на која би се потпишал записникот со што одлуката би била формално правно валидна.

Засега нема информација колку седници денеска ќе одржи надзорниот одбор и дали ќе одлучува по предлогот на Владата но законските процедури предвидуваат комплетирање на раководството на М-НАВ по впишување во Централниот регистар.

Хекуран Асани и Милан Кораќ за директори во М-НАВ на местата на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски беа одлуката на Владата на седницата одржана минатиот вторник. Третиот директор во државната компанија, Хасим Деари, ја задржа својата функција. Првичниот предлог на Владата беше Илир Мехмети, но по неколку часа Владата мораше да го повлече и да се коригира бидејќи не ги исполнуваше условите. Мехмети не е вработен во М-НАВ туку во Агенцијата за цивилно воздухопловство со што директно се кршеше член 17 од Правилникот во М-НАВ кој предвидува на раководните места да се именуваат лица од редот на вработените.

Разрешувањето на Хамиди и Стаменковски беше еден од условите на Синдикатот за да не стапи во штрајк

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пак денес со став дека не влијаел при изборот на неговата сестра која работи во М-НАВ

„Мојата сестра работи во М-НАВ веќе 15 години. За критериумите ќе прашате во М-НАВ, јас немам никаква улога во тоа, тоа е 12 години пред јас да станам министер за надворешни работи. Оваа тема се користи на секои избори во изминатите 15 години и јас веќе 15 години го давам истото образложение, ама очигледно изборите го прават тоа “, изјави Османи.

Сепак неговата јавно достапна биографија покажува дека тој пред 15 години ја извршувал функцијата министер за здравство во тогашната Влада која ја предводеше Никола Груевски.

Истражувањето на „КОД“ на Телевизија Телма покажа дека во М-НАВ покрај сестрата на Османи, работата и внук на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши, снаата на вицепремиерот Артан Груби, снаи и синот на поранешниот пратеник од ДУИ, Ејуп Аљими, и внук на советникот на директорот на М-НАВ Беким Незири кој е првоосмничен за упадот во зградата на Контролата за летање на скопскиот меѓународен аеродром и нападот врз контролор за летање.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска наброја уште неколку имиња на роднини на сегашни и поранешни функционери кои се вработени во државната компанија М-НАВ.

За непотизмот во М-НАВ прв јавно проговори премиерот Димитар Ковачевски, кој државната компанија ја нарече „семејна фирма“ и посочи кон претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, бидејќи и неговиот брат и татко работеле таму. Темата се врати како бумеранг бидејќи новинарските истражувања покажаа дека барем петнаесетина вработени во М-НАВ во моментов се роднини на сегашни функционери.

Премиерот Ковачевски вчера пак кажа дека вработување роднини на функционери во државните институции е карактеристика на општествата во транзиција.

Околу инцидентот кој се случи на 4 јануари на скопскиот аеродром за кој покрај Незири во домашен притвор се уште четири лица се чека на Кривичниот суд. Таму треба да се одлучи по жалбата на Обвинителството за определувањето куќен притвор за Лабинот Ќерими кој беше фатен на граничниот премин Блаце со Косово во петокот. Иако во бегство и со распишана централна потерница и фатен на граничен премин на излез од државата тоа не беше доволно за судијата во Кривичниот суд да му предели затворски притвор.

XS
SM
MD
LG