Линкови за пристапност

Уапсени речиси 300 членови на МС-13


Операцијата на Одделот за правда има цел да ја искорени уличната банда, чии членови се поврзани во серија убиства во државата

Речиси 300 членови на уличната банда МС-13 се уапсени, по најавите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја тргне од улиците на САД.

Официјални лица велат дека нивното апсење е дел од големата акција против оваа банда, која ја спроведе Одделот за имиграциска и гранична контрола на САД, при која беа уапсени 214 членови во САД, и 53 во Ел Салвадор, каде е базата на бандата.

Операцијата, која се одвиваше во два дела, насочена кон членовите на МС-13 и нивната глобална финансиска мрежа, почна во времето на администрацијата на претседателот Барак Обама, но, кулминира под раководство на администрацијата на претседателот Трамп.

Почетната 18-месечна фаза заврши во септември, со 51 апсење во Ел Салвадор, изјавија официјалните лица на прес конференција во Вашингтон.

Втората фаза, која траеше од осми до 11-ти октомври, резултираше со останати апсења во САД и во Ел Салвадор.

Главниот правобранител Џеф Сешнс рече дека апсењата се важен чекор во напорите на администрацијата на Трамп да ја искорени МС-13, чии членови се поврзуваат во серија убиства низ државата.

„Претседателот Трамп нареди Одделот за правда да го намали криминалот, и ние ќе бидеме упорни да ја постигнеме оваа цел“, рече Сешнс.

Одделот за правда соопшти дека 214-те членови на МС-13 упасени во САД, биле од Ел Салвадор, и оти 64 членови нелегално влегле во САД, како деца без придружба.

16 од уапсените се американски државјани, а петмина имаат легален статус во САД, додаде Одделот за правда.

Трамп обвини дека имиграционите политики на администрацијата на Обама дозволиле членови на банди нелегално да влегуваат во САД, како малолетници без придружба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG