Линкови за пристапност

Парите и јавното мислење – на страна на републиканците во предизборната кампања

Како дополнение на вообичаените пари од поединечни кандидати и различни национални партиски комитети, надворешни групи трошат десетици милиони долари во обид да влијаат на овогодишните избори на половина на мандатот на Конгресот.

Изборните кампањи се скапи во САД зашто најголем број кандидати за Конгресот ги фокусираат напорите за избор на телевизиски реклами.

Во тесна трка како онаа во Невада за место во американскиот Сенат, собрани се милиони долари и исто толку се потрошени за напаѓачки реклами на кандидатите.

Во овој случај, вербалната војна е меѓу ветеранот-сенатор Хари Рид, демократскиот лидер во Сенатот и неговата ривалка од Републиканската партија, Шарон Енгл.

Парите што ги трошат независни и надворешни групи се во голем пораст годинава, и се веќе двојно повеќе од сумата потрошена на минатите конгресни избори на половина мандат во 2006-та.

Зголемувањето во потрошувачката во голема мерка се должи на одлуката на Врховниот суд од јануари кога беше симнато ограничувањето за корпорациите и работничките синдикати да влијаат на изборите преку телевизиски реклами. Федералнатите ограничувања на парите за кампања донирани директно на конгресните кандидати остануваат во сила.

Поголем дел од парите собрани од надворешни групи за специјални интереси годинава ги имаат за цел демократите и демократските кандидати се обидуваат да направат проблем од тоа.

И претседателот Барак Обама се осврна на прашањето, велејќи дека можеби странски корпорации или интереси играат улога во финансирањето.

„Тие немаат храброст да излезат и да кажат кои се. Може да се осигурителни компании или банки од Вол Стрит или дури корпорации во странска сопственост. Вака не знаеме", рече претседателот.

Демократите се обидоа и не успејаа Конгресот да донесе закон за независните групи кои собираат пари да мора да кажат од каде дошле парите ставени во графата „кампањски контрибуции“.

Сега, демократите имаат свои кампањски реклами против групи како Стопанска комора на САД, заради нивното собирање пари наменети за помош на републиканците да бидат избрани на 2 ноември.

Стопанската комора негира дека употребува странски парични прилози за помагање на републиканските кандидати. И поранешниот советник на преседателот Буш, Карл Роув, неодамна жестоко реагираше на ваквите наводи на националната телевизија:

„Немаат никаков доказ за таква неоснована лага. Тоа е очајнички и според мене вознемирувачки тренд покренат од претседателот на САД за оцрнување на политичките противници“, рече Роув на Фокс Њуз Сандеј.

Во последните недели на кампањата демократите имаат тешкотии да соберат доволно пари да им парираат на републиканците. Но аналитичарите велат дека најголема грижа за нив сега не се парите, туку јавното мислење. Анкетите покажуваат дека републиканците се на добар пат да добијат многу нови места во двата дома на Конгресот на 2 ноември.

XS
SM
MD
LG