Линкови за пристапност

По големата рецесија, некои американски градови цветаат, други пропаѓаат


Десет години од почетокот на големата рецесија, американската економија застана на здрави нозе, но нов извештај покажува дека економското заздравувањето не е рамномерно низ целата држава.

Иако стапката на невработеност е на најниско ниво во период од повеќе од 16 години, а приходите на домаќинствата се на исто ниво како и во 1999-та година, делови од САД не забележаа раст, а во некои случаи економските услови се полоши од кога било порано.

Според Асошиетед прес, многу градови на Југ и на Средниот запад „допрва треба да закрепнат од загубата на работните места во фабриките, коишто биле автоматизирани или изгубени заради конкуренција од Кина пред и за време на рецесија“.

Новинската агенција за пример ги наведува градовите Сиетл и Лас Вегас.

Во Сиетл е седиштето на Амазон, и според Асошиетед прес оваа компанија ја проширила управната зграда „осум пати во текот на седум години и сега брои до 36 објекти“.

Во Лас Вегас има голем број недовршени домови, а семејствата таму во просек заработуваат 20 проценти помалку, во споредба со 2007-ма година.

Овие трендови се случуваат и на национално ниво. Во западниот дел на САД инфлацијата во октомври била 3 проценти, додека на Средниот запад била 1,5 проценти, се наведува во извештајот на Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG