Линкови за пристапност

Над 200 пријави за злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи


Злоупотреба на личните податоци на интернет
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Пред да споделат лични информации, македонските граѓани да се информираат за условите, предупредува Дирекцијата за заштита на личните податоци

Во Македонија само легислативно е подбрена состојбата во врска со заштитата на лични податоци, иако овој сегмент беше потенциран во извештајот на Прибе како недостаток, вели поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци Димитар Ѓеорѓиевски.

Според него, веќе е подготвен новиот Предлог - закон, кој е усогласен со општата регулатива на Европската унија. Објаснува кои би биле придобивките од него.

„Новиот закон за заштита на личните податоци драстично ги менува насоките за она што значи поставеност на надлежниот државен орган, во однос на зголемување на контролата на личните податоци од страна на самите субјекти, односно физичките лица, но, подразбира и олеснување за бизнисите во врска со нивните контакти со компании од ЕУ и од секаде во светот“, вели Ѓеорѓиевски.

Годинава, Дирекцијата за заштита на личните податоци примила 70 барања за утврдување повреда на правото на заштита на личните податоци, за кои биле поведени и инспекциски постапки.

Биле примени и 205 пријави кои се однесуваат на случаи за злоупотреба на податоци на социјалните мрежи.

„Најчести проблеми со кои се соочуваат граѓаните се креирање на лажни профили на социјалните мрежи, хакирање на профили, објавување на лични податоци, фотографии, видеа без согласност на лицата, како и незаконско собирање на лични податоци на интернет за лажни наградни игри. Во ваквите случаи, граѓаните најчесто бараат помош Дирекцијата да ги избрише социјалните мрежи“, соопшти Дирекција за заштита на лични податоци.

Граѓаните пред да ги споделат нивните лични податоци треба да се информираат за условите, особено кога станува збор за онлајн купување.

„Најчесто истите ги користат во една незаштитена форма, и може многу лесно да бидат предмет на злоупотреба. Она што е важно и на што треба да се обрне внимание е купувањето преку интернет. Граѓаните да купуваат од сигурни страни. Најголема едукација треба да им се даде на помладите, бидејќи токму тие несвесно ги даваат личните податоци“, вели Ристе Каланоски, експерт за управување со информациски системи.

Дирекцијата вели дека има воспоставено соработка со Фејсбук, за да помогне брзо и ефикасно да бидат отстранети злоупотребите личните податоци на граѓаните, но, и дека постојано работат на кревање на јавната свест за тоа како да се обезбеди заштита на податоците и приватноста на граѓаните.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG