Линкови за пристапност

Медиумските организации бараат од Иран да ја ослободи затворената италијанска новинарка


Италијанската новинарка Сесилија Сала, која беше уапсена од полицијата во Техеран, на 9 декември 2024 година, според Министерството за надворешни работи на Италија, го снима нејзиниот подкаст „Приказни“ во нејзиниот дом во Рим.
Италијанската новинарка Сесилија Сала, која беше уапсена од полицијата во Техеран, на 9 декември 2024 година, според Министерството за надворешни работи на Италија, го снима нејзиниот подкаст „Приказни“ во нејзиниот дом во Рим.

Сесилија Сала е затворена во Иран од средината на декември

Медиумските организации бараат од Иран да ја ослободи италијанската новинарка која беше уапсена минатиот месец.

Сесилија Сала, која работи за дневниот италијански весник „Il Foglio“, беше уапсена на 19 декември и се наоѓа во озлогласениот ирански затвор Евин. 29-годишната новинарка известувала во Иран со новинарска виза и требало да се врати во Италија на 20 декември.

Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк рече дека затворањето на Сала го нагласува суровото сузбивање на независното новинарство во земјата од страна на Техеран.

„Апсењето на Сала е моќен потсетник за секојдневните закани со кои се соочуваат оние што известуваат во и за Иран, и таа и сите оние што незаконски беа приведени од Иран треба веднаш да бидат ослободени“, рече вчера извршната директорка на Комитетот за заштита на новинарите Џоди Гинсберг.

Иран се наоѓа на седмо место на листата на држави кои затвораат новинари. Според податоците на Комитетот за заштита на новинарите од 1 декември 2024 година во земјата биле затворени 16 новинари.

Иран го потврди притворот на Сала во понеделникот кога државниот медиум ИРНА објави дека таа е притворена по „прекршување на законите на Исламската Република Иран“. Сала, која исто така работи за компанијата за подкаст „Chora Media“, според пишувањата на медиумите е задржана во самица.

Репортери без граници со седиште во Париз наведе дека Сала се чини дека била произволно приведен.

„Ние сме, исто така, загрижени за нејзините услови на притвор бидејќи се наоѓа во самица во затворот Евин - озлогласено по тоа што е суровото место каде што се притворени слободните гласови кои го критикуваат режимот“, рече вчера генералниот директор на Репортери без граници Тибо Брутин.

Националниот прес-клуб во Вашингтон го осуди тоа што Сала е во самица.

„Затворањето на Сала е застрашувачки потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината“, рече претседателката на националниот прес-клуб во Вашингтон Емили Вилкинс во изјавата минатата недела. „Нејзиниот притвор е навреда за слободата на печатот и кршење на меѓународните норми.

Апсењето на Сала се случи само неколку дена откако Италија на барање на САД го уапси швајцарскиот ирански бизнисмен Мохамед Абедини Наџафабади, познат како Абедини, во Милано.

Според Одделот за правда на САД, бизнисменот е обвинет за кршење на законите за санкции на САД и за поддршка на странска терористичка организација, што на крајот доведе до смрт на тројца припадници на американските сили во напад со беспилотно летало во Јордан.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент за италијанскиот весник „La Repubblica“ изјави дека веруваат дека апсењето на Сала е веројатно одговор на апсењето на Најафабади.

Иранското Министерство за надворешни работи не одговори на електронската пошта испратена од Гласот на Америка за барање за коментар.

XS
SM
MD
LG