Линкови за пристапност

Михајловски: Не се прави разлика меѓу дигитална редакција и еден човек кој седи и краде вести


Регулатива на интернет медиумскиот простор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Новинарските здруженија поведоа иницијатива за препознавање на дигиталните медиуми во однос на таканаречените псевдо медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, заедно со Здружението на новинари (ЗНМ) и Советот за етика, поведоа иницијатива за препознавање на дигиталните медиуми во однос на таканаречените псевдо медиуми.

Целта е да се стави крај на хаосот во медиумскиот интернет простор, предизвикан од секојдневната појава на нови веб страници.

Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ вели дека се утврдени неколку начини за справување со овој проблем, како постоење импресум, транспаретна соспственост и почитување на професионалниот етички кодекс.

„Медиумската заедница се обидува да најде одговор за порталите, блоговите и самопрогласување на луѓе, кои не ги задоволуваат професионалните стандарди за новинари и медиумски работници. Многу е лесно денес да отворите портал, особено со скриено сопствеништво, и буквално да рекетирате луѓе“, вели Чаусидис.

Таа додава дека бараат Владата, јавните институции и општествено одговорните компамнии да ги имаат предвид нивните препораки при процесот на акредитација и рекламирање.

Горан Михајловски, главен уредник на платформата „Сакам да кажам“, смета дека мора да постои барем некаква регулација на интернет просторот во државата.

„Главниот проблем со кој ние сега се соочуваме е тоа што не се прави разлика помеѓу дигитална редакција и тоа што е еден човек или двајца кои водат портал. Затоа што дигиталната редакција е нешто што има потпис на главен уредник, на автор, на автор на фотографија, има вработувања на новинари кои се грижат за професионално новинарство, кои ги следат професионалните стандарди. Од друга страна имате еден или двајца луѓе кои седат некаде и кои ги крадат овие вести“, вели Михајловски.

Центарот за развој на медиуми вели дека таквата регулација не смее да ја надмине регулацијата што веќе постои со Законот за медиуми, и која се однесува на печатените медиуми.

„Она што се случува кај нас е тоа што наидуваме на бланко отпор на секаква таква иницијатива. Секогаш кога ќе се спомене регулација, медиумската заедница вели дека не може да се регулираат новинарските стандарди“, изјави Дејан Георгиевски од Центар за развој на медиуми.

Поради ваквата моментална ситуација, политичките елити во државата може многу лесно да пласираат вести кои се по нивен терк.

Регулацијата може да ги намали и таканаречените лажни вести. Иако не постои регистар, сепак според неофицијни податоци, бројот на различни веб портали во Македонија е поголем од 300.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG