Дали момчињата се подобри во математика или девојчињата? Дали пак, девојките се извонредни во читањето?
Резултатите се различни.
Неодамнешните студии од Универзитетот Стенфорд покажуваат дека родовиот јаз сè уште постои, но се затвора. И, многу други фактори, покрај родот, влијаат на тоа како децата учат, во зависност од доходот и образованието на нивните семејства.
Стенфорд разгледа околу 260 милиони тестови во повеќе од 10.000 училишни окрузи во САД од 2008-та до 2015-тата година. Тие откриле:
• Математичкиот јаз меѓу половите се стеснува со текот на годините
• Момчињата малку ги надминуваат девојки по математика
• Момчињата ги надминуваат девојчињата во математика во богатите и приградските училишни окрузи
• Девојките ги надминуваат момчињата во математика во областите со ниски примања
• Девојките се извонредни во мајчин јазик во сите економски групи
• Богатството веројатно игра улога во креирањето родови разлики
„Оваа студија нагласува дека родовите разлики сеуште постојат во САД“, рече Ерин Фале, докторски кандидат за образовна политика на Универзитетот Стенфорд во северна Калифорнија. „Нашето истражување нагласува дека можностите за образование на машките и женските ученици се ограничени од родовите норми и стереотипи“.
Севкупно, празнините меѓу помладите ученици по математика и мајчин јазик се помали од празнините кај постарите студенти, рече Фале за Гласот на Америка. Нејзиниот тим размислувал како родителите инвестираат во нивните деца и како разговараат со нив.
Приходот од семејството може да влијае врз тоа како децата се однесуваат и комуницираат со другите, на пример, преку обезбедување на активности за збогатување и образование. Ова може да влијае и врз високото образование.
„Потенцијално, во побогатите заедници, родителите повеќе инвестираат кај машките во однос на женските деца“, рече Фале.
Според истражувачите, статусот игра улога.
„Синовите на мажи „со висок статус“ добиваат повеќе години на образование во споредба со просекот за ќерките“, вели Розмари Хопкрофт, професорка по социологија на Унивезитетот на Северна Каролина во Шарлот.
Но, работите не се толку едноставни. Една студија открила „конзистентни докази“ дека наставниците даваат пониски оценки за математика на девојчињата.
„Многу често гледаме дека наставниците на девојчињата гледаат како на помаку способни. Иако, тестовите покажуваат девојчињата и момчињата се подеднакво способни ако вложуваат подеднаков напор“, вели Џозеф Симпијан, професор по економија и образование на Унивезитетот од Њујорк во Стајнтфард.
Наставниците не се секогаш свесни за својата пристрасност.
Како доплнение на тоа, момчињата и девојчињата имаат различен пристап кон решавањето на проблеми, според истраживање од професори на Универзитетот на Илиноис, Универзитетот на Њујорк и Универзитетот на Вест Честер публикувано во 2016-та година.
„Момчињата се научени да преземаат повеќе ризик и ова може да се случува и на час по математика“, вели Сара Лубиемски, професорка на Универзитет на Индијана – Блумингтон.
„Девојчињата се добри девојчиња... ги следат упатствата на наставниците и учат како да решаваат математички проблеми со следење на правила што се разликува од пристапот на момчињата“, додава таа.
Facebook Forum