Линкови за пристапност

Седумдесет години на Маршаловиот план


САД го предложија Маршаловиот план со цел обнова на Европа по Втората светска војна

На денешен ден, пред седумдесет години тогашниот државен секретар на САД, Џорџ Маршал во говор на Универзитетот Харвард го претстави „Европскиот план за обнова“, кој подоцна постана познат како „Маршалов план.“

Во 1947-ма година, Европа лежеше во урнатини по четири годишната борба за запирање на нацистичкиот марш на Адолф Хитлер.

Маршал предложи насочување на 13,3 милијарди долари за обнова на уништениот континент, не само како чин на глобален алтруизам, туку според историчарите со цел спречување на ширењето на советскиот комунизам.

Планот промовираше европска економска интеграција и федерализам. Создавање на мешавина на јавни организации и приватна економија слична на она на американската.

Реорганизацијата на европската економија се исплатеше и политички и економски.

Спречување на ширењето на комунизмот

Размислувањето на Маршал било дека комунизмот најверојатно ќе се прошири во оние земји кои се ослабени од војната, и со текот на времето цената на реконструкција ќе изнесува незначително доколку советската влада биде блокирана во напорите за ширење на сферата на влијание.

Само неколку месеци претходно, во март, тогашниот претседател на САД, Хари Труман пред Конгресот на САД ја обелодени истата идеја, она што подоцна стана познато како Доктрина на Труман.

Австрија, Белгија, Данска, Франција, Западна Германија, Велика Британија, Грција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Турција беа земји кои беа вклучени во програмата.

Советскиот Сојуз се сомневаше во планот и изврши притисок врз сојузниците во Источна Европа да одбијат секаква помош од САД. Притисокот се покажа како успешен и никој од советски сателити не учествуваше во Маршаловиот план. Советскиот контролиран печат тврдеше дека американската програма е „план за мешање во внатрешните работи на другите земји.“

Маршаловиот план успешно доведе до економско заздравување на Запад, исполнувајќи ја целта за „враќање на довербата кај Европејците во економската иднина на нивните земји и на Европа во целина.“

XS
SM
MD
LG