Професионалци, рекреативци, љубители на спортот, хуманитарци со желба да истрчаат колку што ќе издржат. Повеќе од 300 маратонци, 1.000 полумаратонци и над 4.500 учесници во хуманитарната трка, од 47 држави, го почувствуваа топлиот скопски асфалт, прифаќајќи го предизвикот да бидат дел од јубилејниот десетти по ред Скопски маратон, годинава под името „Виз Ер Скопски маратон 2014“.
Неприкосновени на 42-километарската маратонска, и 21- километарската полумаратонска патека беа Кенијците Емануел Самал и Едвин Кембои во машка, и Луси Вамбуи Муриги од Кенија и Американката Сибила Маерс во женска конкуренција. Но скопскиот асфалт е многу повеќе од место каде се покажува кондицијата. Тоа е место за дружба, и за заедничка победа на животните предизвици.
Токму тоа го докажа скопјанецот Борче Грозданов, кој со своето учество на Маратонот покажа дека физичките препреки се минорни, кога постои огромната волја и желбата која доаѓа од срцето. Со поддршка од неговото семејство, и од групата „Животот со предизвици“, со помош на Даниел, човек со ретка болест се најде на скопскиот асфалт, минувајќи ја 5- километарската патека. За прв, но не и за последен пат, вели тој.
„Чувството беше прекрасно, особено што надвладеа она чувство на припадност кон луѓе кои прават голема работа, масовно, а секој од нас сепак е посебна индивидуа. Уште една работа која ме привлече да го сторам ова за првпат, но не и последен, е да покажам дека посебните потреби никако не се, и не треба да бидат пречка. А исто така прекрасно беше да се биде дел од „Животот со предизвици“, група која ја сочинуваат луѓе со ретки болести и нивните пријатели, поддржувачи на нивната борба со животните предизвици. Доказ дека успеавме да се анимираме се аплаузите и овациите со кои не следеа долж 5- километарската патека“, раскажува Грозданов.
Маратонското трчање не е спорт од кој човек може да се збогати. Барем, не финансиски. Но затоа, секоја истрчана патека е неизмерно духовно богатство, велат учесниците. Во таа смисла, Јовица Јованчев е исклучително богат човек. Тој е единствениот во Македонија кој не пропуштил ниту еден Скопски маратон досега, од неговото возобновување во 2007-та досега. Пo седум години занимавање со овој исклучително тежок спорт и повеќе од 30 завршени маратони, вели, „оваа година конечно научил како се трчаат маратони“. Тој годинава го урна личниот рекорд.
„Најважно е маратонецот пред се` добро да ја процени сопствената сила. Без разлика за колку време ќе ја истрчаш трката, најважно е да ја раздвоиш желбата за некој резултат од можностите“, додава тој.
„Во последните два месеци завршив три маратони и на сите го подобрував своето најдобро време“, раскажува Јованчев на кој скопскиот маратон му е дел од пoдготовките за неговиот најголем предизвик во животот - трката „Ултра треил ду Мон Блан“, во август, која се смета за неофицијално светско првенство во планинско трчање. Патеката долга 168 километри го обиколува планинскиот масив, минува низ три држави - Италија, Франција и Австрија, со искачување на надморска висина од 9.600 метри. Предизвикот е уште поголем за овој наш маратонец, кој ќе биде меѓу светската елита од 2.300 маратонци, бидејќи никој од Македонија досега не го запишал ова импресивно спортско достигнување во својата спортска биографија.
А кога станува збор за издржливоста, морален победник на годинешниот Скопски маратон е велешанецот Зоран Димов, човекот кој пред неполна година беше предводник на ултрамаратонските трки. Но тогаш се соочи со една од најголемите трагедии за еден маратонец – настрада од мотроциклист. И, повторно, волјата ги надмина сите животни предизвици, па Димов годинава токму на Скопскиот маратон го направи својот огромен животен исчекор – мина 21- километар со помош на патерици.
Скопскиот маратон е всушност убава градска приказна, каде на крајот секој е победник. Изминативе десет години, низ скопските улици минаа познати светски маратонци, годинава тоа беше Вилсон Кипсанг Кипротич, светскиот рекордер во маратонско трчање. Трчаа и актери, музичари, политичари, бизнисмени, стари и млади, во добра и не толку добра кондиција. Сите тие се гаранција дека скопските улици уште долго ќе пулсираат во чекорите на маратонците...