Линкови за пристапност

Судски документи откриваат дека Манафорт споделувал информации со Русија


Според судски документи, поранешниот менаџер на претседателската кампања на Доналд Трамп, Пол Манафорт во 2016-та година во период од неколку месеци споделувал податоци од истражувањето на јавното мислење со лице кое имало врски со руската разузнавачка служба.

Ова ги засилува доказите дека кампањата Трамп можеби се обидела да изврши координација со Русија за време на претседателската трка, иако федералните обвинители допрва треба да покажат дека имало заговор во кој била вклучена и кампањата Трамп.

Од канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мулер велат дека Манафорт лажел за споделувањето на информации.

Манафорт го негираше обвинението за природата на врските со неговиот поранешен деловен партнер, Константин Килимник, кој е роден во Украина и кој е обвинет за врски со руските разузнавачки служби.

Манафорт вели дека тој заборавил на деталите, затоа што во кампањата постоела хаотичната атмосфера.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG