ВАШИНГТОН —
Федерална судијка на поранешниот раководител на кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп, Пол Манафорт, му одреди мерка притвор, заради обидите да влијае врз сведоци додека се наоѓал во домашен притвор, со кауција.
Манафорт се изјасни дека не е виновен по новите обвиненија поднесени од специјалниот советник Роберт Мулер.
Меѓутоа, судијката на федерален округ Ејми Берман Џексон, го уважи предлогот на Мулер за одземање на правото на кауцијата на Манафорт, по што нареди, додека го чека судското рочиште во септември, да биде испратен во затвор.
Facebook Forum