Американците денес го слават Денот на Мартин Лутер Кинг во чест на човекот кој го оформил движењето за граѓанските права на САД и кој имаше став дека успехот на движењето зависи од ненасилните принципи.
Секоја година, на третиот понеделник во јануари, Американците му оддаваат почит на убиениот лидер за граѓански права, кој во 50-те и 1960-те години на минатиот век организираше ненасилни протести против сегрегацијата, борбата за расна еднаквост и гласачките права.
Многумина празникот го поминуваат со работа за да му стават крај на расизмот, преку учество во проекти во служба во заедницата. Во тој дух, Конгресот на САД во 1994-та година го назначи празникот како национален ден на служба.
Во петокот, претседателот, Доналд Трамп му оддаде почит на Кинг за време на церемонија во Вашингтон, фалејќи ја неговата „мирољубива крстоносна војна за правда и еднаквост“.
Кинг постанал проминентен во средината на 1950-тите, кога раководел со напорите да стави крај на сегрегацијата во јавните автобуси во Монтгомери, Алабама, принудувајќи го градот да ја прекине практиката на сегрегацијата.
До август 1963-та година, притисокот за еднаквост значително се зголеми низ целата земја, а 250.000 луѓе, од бела и црна раса отпатувале во главниот град за да учествуваат на маршот во Вашингтон.
Протестите беа мирни, без апсења. Со познатиот говор на Кинг, „Јас имам сон“ во голема мера започна национална кампања за граѓански права на Афро-американците ширум САД.