Линкови за пристапност

САД за прв пат го обелоденија обемот на својот нуклеарен арсенал


САД за прв пат го обелоденија обемот на својот нуклеарен арсенал
САД за прв пат го обелоденија обемот на својот нуклеарен арсенал

Пентагон соопшти дека залихите се намалиле за 84% од крајот на 1960-те години.

САД за прв пат го обелоденија обемот на својот нуклеарен арсенал, велејќи дека залихите се намалиле за 84% од крајот на 1960-те години.

Пентагон соопшти дека заклучно со минатиот септември, поседува 5.113 нуклеарни боеви глави, споредено со 31.000 парчиња во 1967-та за време на Студената војна. Американскиот Оддел за одбрана објави и дека бројот на нуклеарни боеви глави се намалил за околу 75 проценти од падот на Берлинскиот ѕид во 1989-та и колапсот на Советскиот Сојуз.

Во понеделникот, американската државна секретарка Хилари Клинтон за време на Конференцијата за неширење на нуклеарно оружје на ОН најави дека САД ќе го обелоденат актуелниот обем на нуклеарно оружје и информација колку од него е уништено од 1991-та наваму.

XS
SM
MD
LG