Линкови за пристапност

Вдовица испраќа политичка порака преку уметност


Вдовица испраќа политичка порака преку уметност
Вдовица испраќа политичка порака преку уметност

Приказната за Фред

Откако сопругот Фред починал од рак минатата година, Реџина Холидеј се посветила на сликањето. Преку уметноста ја искажува тагата, но истовремено ја крева свеста за проблемите во американскиот здравствен систем, за кој верува дека придонел за смртта на сопругот.

Приказната за Фред

Холидеј отсекогаш била уметничка, но не сонувала дека еден ден ќе слика прикази на сопругот кој бавно умира.

Фред првично немал здравствено осигурување. Па сепак, откако го добил преку нов работодавач, докторите се` уште не реагирале соодветно на здравствените проблеми на Фред, според Холидеј. Таа вели дека Фред повеќепати пошол кај својот матичен лекар за да открие зошто има тешки болки во градите. Наместо да направи дијагностички тестови, лекарот го враќал дома со лекови против болки. По неколку месеци силни болки, Фред конечно бил примен во болница, каде неговата сопруга инсистирала да му биде направено снимање со магнетна резонанца. Тестот открил дека Фред има напредната форма на рак на бубрезите.

Лекарот препорачал операција и хемотерапија, но Фред никогаш не го добил ветениот третман. Наместо тоа, лекарот го испратил дома со ПЦА-пумпа, направа со која пациентите сами си даваат лекарства за контрола на болката.

„Истражив. Дознав што значи да ве испратат дома со ПЦА-пумпа. Сопругот плачеше, плачев и јас. Се сврти кон мене и ми кажа - Реџина, спротистави им се, погрижи се дека ќе ми пружат третман“, вели Холидеј.

Раскажува дека Фред бил одчичен пациент се` дотогаш:
„Воопшто не се жалеше, не се противеше, правеше точно онака како што му велеа, но во моментот кога го испратија дома за да умре, побара да биде сторено нешто“.

Холидеј се погрижила Фред да биде примен во друга болница, но вели дека таму не можел да добие соодветна лекарска грижа затоа што неговите здравствени податоци биле некомплетни и застарени.

Застапништво преку уметност

Холидеј вели дека минувала непроспиени ноќи размислувајќи што може да стори за да ја крене свеста за недоследностите во системот на здравствена заштита, така што други семејства не би биле третирани како нејзиното.

„Со оглед на фактот дека сликам цел живот, а и сопругот го запознав сликајќи, решив да почнам да правам слики за здравствената заштита, за медицинските податоци, за сите оние тешки нешта што ни се случија“.

Но, за Фредерик Ален Хилдеј било предоцна. Починал на 17-ти јуни 2009-та, на 39-годишна возраст.

Шест дена потоа, Холидеј започнала да слика мурал за неговото искуство со здравствената заштита на ѕид на паркиралиште во близнина на нивниот дом во Вашингтон. Тоа се случувало летото 2009-та, време кога се водеше жива дебата на национално ниво за реформа на здравствената заштита во САД.

Како што се ширела веста за нејзиниот мурал, Холидеј се` повеќе се инспирирала да стане дел од движењето за здравствени реформи. Го користела својот случај за да лобира за реформи, и тоа играло интегрална улога во новоусвоениот закон на оваа пробелматика што налага поголема транспарентност кон пациентот.

Продолжила да слика, интегрираји ја својата политичка порака во приказите. Многумина од нејзините слики беа поставени на неодамнешна изложба во медицинска установа во центарот на Вашингтон.

„Сите ние на крајот сме пациенти“

Иако одзивот на нејзината политичка уметност најповеќе е позитивен, Холидеј сепак има критичари.

„Многумина не сакаат да ја прифатат идејата дека нешто не е во ред. На пример, тезата дека Америка има најдобро здравство. Да, но во извесен дел. Во некои делови имаме најдобро здравство, но во некои елементи немаме. А, искрено кажано, ако едно делче во машинеријата не функционира, се` ќе пропадне“, вели таа.

Денес Холидеј продолжува со сликањето, има свој блог, предава уметност и говори на медицински конференции на национално ниво за потребата од реформа на здравствениот систем – сето ова додека подига две деца.

И покрај предизвиците што и` ги донел животот, оваа уметничка која стана застапничка за здравствена реформа е задоволна што преку уметноста успеала да направи нешто од својата лична трагедија за да ја крене свеста и да придонесе за промена, со цел пациентите да имаат повеќе права и можности.

XS
SM
MD
LG