Линкови за пристапност

Вакцина против рак?


Вакцина против рак?
Вакцина против рак?

Експериментална вакцина напаѓа рак на дојка кај глувци

Вакцините го поттикнуваат имунолошкиот систем на човечкото тело да се бори против надворешниот бактериски или вирусен напад. Тоа има смисла доколку напаѓачот навистина доаѓа однадвор, како инфлуенза или маларија. Но, според Сандра Џендлер, научник од клиниката Мејо, ракот всушност е закана што доаѓа одвнатре, од самото тело.

Затоа, Џендлер и нејзините колеги се фокусираат на протеинот наречен „Мук1“, што се појавува на површината на различни видови на тумори.

„Една од предностите на вакцината Мук1 е што може да се употреби во речиси сите случаи, заболени од рак на дојка, рак на бели дробови, на дебелото црево, ракот на бешика, некои видови на лимфома“, вели овој научник.

Научниците од Универзитетот Џорџија произведуаваат вакцина базирана на протеинот Мук1 тестиран врз специјални глувци. Овие глувци произведуваат човечки протеин на туморите, со што тестот за експерименталната вакцина би бил пореалистичен.

Во лабараториски услови глувците биле вакцинирани, а потоа им биле вбризгани клетки од рак на дојка.

„Потоа вршевме мониторинг на тоа како се развива туморот и откривме дека кај животните има големо намалување на развојот на туморот, за околу 75-80%“, вели Џендлер.

Доколку се показе дека ова може да биде ефикасна вакцина кај луѓето, Џендлер вели дека може да се употреби да се намали ризикот од рак и пред да почне да се развива, на пример кај жените со висок ризик од добивање на рак на дојка. Може исто така да се искористи за веќе постоечките третмани по поставувањето на дијагнозата, особено за ракот што се развива мошне брзо, како оној на дебелото црево.

Сандра Џендлер од клиниката Мејо вели дека тестирањата кај луѓето можно е да отпочнат за околу две години отсега.

XS
SM
MD
LG