Линкови за пристапност

ОН започнуваат нова, можеби последна, рунда преговори за Кипар


ОН започнуваат нова, можеби последна, рунда преговори за Кипар
ОН започнуваат нова, можеби последна, рунда преговори за Кипар

Во четврток во Женева почнуваат разговорите со мали очекувања за решение за поделениот остров

Надежите за обединување на Кипар исчезнуваат по едногодишни разоговори и манимален напредок во разговорорите, но ОН ќе бидат домаќин на втората рунда преговори во Женева.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во Женева, ќе разговара лидерите на заедниците од кипарските Грци и Турци да ги одреди правците за обединување на поделениот остров. Според набљудувачите, последните напори на ОН почнаа пред една година без голем напредок.

Синан Улген од институтот Карнеги, кој раководи истражувачката група Едам со седиште во Турција, предупредува дека можеби истекува времето за обединување на островот:

„Ова ќе биде последен обид на меѓународната заедница да го реши прашањето. Во 2004-та имавме таков обид, кој заврши со неуспех и сега во 2011-та има повторен обид за обединување на островот. Ако не успеат разговорите, ќе имаме промена на односот на Турција кон Кипар, врз база на растечката регионална моќ на земјата, која ќе продолжи да лобира за признавање на независноста на турската република во Северен Кипар и тоа ќе значи договор за поделба на островот“, вели тој.

Само грчкиот дел на Кипар е меѓународно признаен. Островот е поделен откако Турција изврши инвазија во 1974-та по грчкиот воен удар. Турската република на Северен Кипар, која е предмет на меѓународно економско ембарго, е призната само од Турција.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, кој ги поддржа претходните обиди на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан за обединување наоОстровот, не е повеќе во позиција да понуди таков став, според грчкиот аналитичар Јоанис Григориадис од турскиот универзитет Билкент:

„Иако Папандреу е личност кој презема огромен личен ризик за поддршка на планот на Анан и никогаш не се повлече од таа позиција, засега не гледам иста енергија од негова страна со оглед на тешката состојба на домашен план во Грција. Не верувам дека тој ќе биде пречка за решение, ако уследи решение. Но, ќе биде тешко за него да ја лансира тешката агенда за Кипар“, вели овој аналитичар.

Планот на Анан беше поддржан и од турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. На референдум во 2004-та, беше прифатен од турската страна, но беше отфрлен од кипарските Грци.

Додека грчкиот дел од Кипар е членка на ЕУ, турските аспирации се врзани со обединувањето на островот. Но, според вишиот турски дипломат, Селим Јенел, Турција нема да направи повеќе отстапки:

„Секогаш требаше Турција да направи повеќе отстапки, и мислам дека веќе доволно направивме. Се обидовме со се`, но секогаш кога ќе постигневме договор за нешто, кипарските Грци бараа повеќе. Ако се договоревме за нешто, секогаш излегуваа со нови барања. Тие секогаш се потпираа на ЕУ, на големите држави, да извршат притисок врз нас. Тоа повеќе нема да функционира.“, вели турскиот дипломат.

Набљудувачите велат дека ваквиот став е одраз на промената на балансот на моќта меѓу Турција и ЕУ. Турското членство во ЕУ се наоѓа во ќорсокак, делумно поради состојбата со Кипар, но и противењето од Германија и Франција. Но, со оглед на ослабената економија на целата ЕУ и подемот на Турција - привлечноста за Унијата полека бледее, вели Синан Улген, од институтот Карнеги.

Како што наближува преземањето со кормилото за шестмесечно претседателство со ЕУ на 1-ви јули 2012 од страна на кипарските Грци, тој датум се поставува како рок за постигнување решение.

XS
SM
MD
LG