Линкови за пристапност

Ограничени очекувања од претстојниот самит за климатски промени


Ограничени очекувања од претстојниот самит за климатски промени
Ограничени очекувања од претстојниот самит за климатски промени

Државите генерално се согласија од потребата за таква мерка, но прават многу заради заштита на својот економски интерес

Иако минатогодишната конференција за климатските промени во Копенхаген постигна консензус за некои прашања, сепак не успеа да донесе спогодба со која ќе се обврзат земјите во ограничување на емисијата на штетни гасови.

Државите генерално се согласија од потребата за таква мерка, но прават многу заради заштита на својот економски интерес.

Националните интереси, а не процесот поддржан во ОН, спречи постигнување договор во Копенхаген, вели извршниот директор меѓународната мрежа за преземање акција против климатските промени Дејвид Турнбул:

„Не станува збор за тоа дека ОН не функционираат или дека системот заснован на консензус е проблем. Најголем проблем е домашната политика која спречува постигнување на договор. Можеби нема да се постигне целосен, фер, амбициозен и обврзувачки договор во Канкун, но ние треба да продолжиме како невладини организации да ја смениме таа политика и да им укажеме на владите дека е во нивен најдобар интерес да се справат со климатските промени“, додава Турнбул.

Тој вели дека учесниците на средбата во Канкун треба да се концентрираат на плановите да им помогнат на сиромашните нации за намалување на емисијата на штетни гасови без да го загрозат сопствениот растеж.

Научниците најмногу се загрижени за порастот на емисијата на издувни гасови од фабриките, електраните и возилата во најбрзо растечките земји како Кина и Индија. Кина, која во моментов е трет најголем емитувач на јаглероден диоксид, вети преземање акција на минатогодишниот самит, но има показатели кои укажуваат дека Кина целосно не се придржува до заложбата.

Аналитичарот Нил Лејн од Институтот за јавна политика при Универзитетот Бејкер вели дека заложбата на Кина е клучен дел од напредокот за преземање акција на климатските промени:

„Мислам дека главен предизвик е Кина да си го одржи зборот што го даде во Копенхаген, исто како и САД со администрацијата на претседателот Обама“.

Лејн, поранешен советник за наука на претседателот Клинтон, кој работел на некои од претходните конференции за климатските промени, вели дека се надева оти Канкун ќе помогне во зајакнување на транспарентноста:

“Една од причините што земјите не доаѓаат до договор е што не си веруваат една на друга“, додава тој.

Лејн вели дека очекува учесниците во Канкун да сторат повеќе со парите од богатите земји да им помогнат на сиромашните, кои најверојатно силно ќе ги почувствуваат ефектите од климатските промени во следните децении.

Лејн вели дека и самиот бил скептичен за ефектот од климатските промени, но додава дека науката го убедила за сериозната закана по човештвото.

Нил Лејн вели дека сепак се надева на напредок во Канкун, затоа што светот зависи од тоа.

XS
SM
MD
LG